Не престануваат контроверзии околу цената на лекот Kymriah за третман на леукемијата, која чини 400 илјади евра за една единечна доза.
Претседателот компанијата Новартис ги брани трошоците за лекување.
“Револуционерниот” лек на Новартис против леукемија познат како Kymriah предмет е на дебата околу цената предложена од фармацевтската компанија, зборуваме за 475 илјади франци или 400 илјади евра за единствената доза, што практично не може да си го дозволи националниот здравствен систем. Затоа, терапијата е достапна само за оние кои имаат огромно богатство.
Изјави на Новартис
Во последниве месеци, лекот им даде нова надеж на пациентите со леукемија, но исто така предизвика многу дебата. Во интервју за Blick, извршниот директор на Новартис, Јорг Рајнхарт, изјавил: “Kymriah не е само пилула, туку многу сложен процес. Клетките на пациентите се отстрануваат, се модифицираат за генска терапија и повторно се вметнуваат. Овој процес е комплициран и скап. Затоа, цената е оправдана. Покрај тоа, Kymriah е еднократен третман, додека стандардната терапија, која чини 100.000 франци годишно, може да биде многу поскапа. ”
Што е Kymriah?
За ков вид на лек станбува збор, Kymriah, за прв пат беше одобрен од страна на ФДА и врз основа на генетска терапија, а како што објаснува Рајнхарт, генетскиот материјал на пациентот се користи за лекување на болеста. Целта на лекот е акутна лимфобластна леукемија и е наменет за пациенти на возраст под 25 години кои не реагираат на моментално достапни лекови и се состои од една апликација.
Kymriah суштински го модифицира генот на пациентот кој им овозможува на Т лимфоцитите да ги идентификуваат и убиваат клетките одговорни за леукемија.
Несакани ефекти
Иако тестот покажал ефикасност од 83% кај 63 пациенти кои учествувале во тестот, сепак треба да се земат предвид несаканите ефекти кои се особено опасни. Зборуваме за синдромот на ослободување на цитокини, кој доведува до грип, високи температури, невролошки нарушувања, акутни инфекции, ренална инсуфициенција, хипотензија и хипоксија.
Извор:logicno/European Parliament / Scienze









