(Дубаи – Портал) – Премиерот Зоран Заев вчера побара политичка и професионална одговорност од функционерите по укажувањата од Антикорупциската комисија за влијание на непотизам при одредени вработувања.

„Во Антокорупциска има конкретни коментари каде нема непотизам, а имаме и конкретни коментари каде имало влијание за непотизам. Оттука барам повлекување и директно, како претседател на Владата, давам наредба до владините институции на лицата кои се вработени на тој начин веднаш да им се прекинат работните односи и да се повлечат назад. Барам професионална и политичка одговорност од сите нив“ – рече Заев.

Премиерот нагласи дека до 5 мај не може да разрешува министри затоа што има законска забрана.

Mahir Demişoski