Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕАСО), објави дека бројот на барања за азил во Европската унија се намалил во 2020 година во просек за 32 проценти, во споредба со претходната година, пишува „Anadolu Agency“, пренесува „Dubai-Portal“.

ЕАСО во извештајот за азил во 2021 година, додаде дека земјите од ЕУ минатата година примиле 485.000 барања за азил, што е најниска бројка од 2013 година.

Канцеларијата објасни дека барањата за азил биле концентрирани во три европски земји: Германија, Франција и Шпанија. Германија примила 112.000 барања за азил во 2020 година, по што следат Франција со 93.000 и Шпанија со 89.000.

Во извештајот се нагласува дека Сиријците се рангирани на првото место меѓу бегалците, кои бараат азил во земјите на ЕУ, со 70.000 апликации. По нив следат Авганистанците со 50.000 апликации, и Венецуелците со 31.000.

Турција прима најмногу бегалци. Во моментов е домаќин на 3,6 милиони сириски бегалци.


„MEMO“
„Dubai-Portal“