Десетици палестински семејства, вчера се собраа пред Кнесетот (израелскиот парламент), против владините планови да гласаат за продолжување на законот за повторно обединување на семејството, пишува „Anadolu Agency“, пренесува „Dubai-Portal“.

Демонстрантите држеа транспаренти со кои се повикуваше на спасување на палестински семејства, според контроверзниот закон.

„Од законодавството на овој расистички закон во 2003 година, ние ја поддржувавме оваа праведна кауза за овие семејства“, рече Осама Саади.

Пратеничката, Аида Тума-Сулејман, која се приклучи на протестот, рече дека „тврдењето дека овој закон е донесен од безбедносни причини, е голема лага“.

„Причината за овој закон произлегува само од расистичкиот менталитет, кој се обидува да го зачува еврејското мнозинство“, додаде таа.

Донесен во 2003 година, израелскиот закон спречува Палестинците во окупираниот источен Ерусалим и Арапите во Израел кои се во брак со Палестинци, во Појасот Газа или на Западниот Брег, да живеат со своите семејства во Израел.

Законодавството важи и за Израелците кои се во брак со луѓе од земји класифицирани од Израел, како „непријателски држави“ како Сирија, Либан, Ирак и Иран.

Законот, кој се продолжува секоја година, треба да истече следната недела поради очекувањата, дека законот може да се соочи со тешкотии да добие гласови во Кнесетот, за негово продолжување.

Обединетата арапска листа и левичарската партија Мерец, кои се членови на коалициската влада, се противат на законот, како и на Заедничката листа, која е втор арапски блок во израелскиот Кнесет.

Неуспехот за продолжување на законот се очекува да биде искористено од израелската опозиција и десничарските партии за да се собере поддршка против коалициската влада.

Извештаите во Медиумите сугерираат дека законот може да биде малку изменет, за да добие дополнителни гласови за одобрување на неговото продолжување.


„MEMO“
„Dubai-Portal“