(Дубаи – Портал) – Протест против осудителната пресуда на Абдулфета Алими за настаните од 27-ми април, се одржа попладнево во Скопје.. Незадоволните граѓани велат дека не бараат милост, туку правда.
Ова не е правда, Слобода за Фета Алими – со овие пораки денеска се протестираше против осудителната пресуда на Абдуљфета Алими, дел од собраниското обезбедување кој за собраниските насилства од 27 април доби 7 години затвор. Демонстрантите се собраа пред споменикот Скендер Бег. Маршираа до Кривичниот суд. Роднини и пријатели на Алими, како што велат, не бараат милост туку правда.
На протестите се приклучи и пратеникот Зијадин Села. Изрекувајќи ја пресудата минатиот петок, судијката Добрила Кацарска чече дека е неспорен факт дека Алими го спасил пратеникот Зијадин Села, но и дека на снимките се гледа како ги дава клучевите од собраниските врати. Обвинителката Вилма Русковска пак во телевизиско интервју тврдеше дека Села го спасил еден од демонстрантите во собранието, а не Алими.
Демонстранти порачаа дека нема да застанат со денешниот протест. Ќе продолжат и во следните денови.
Mahir Demişoski










