Нема договор за СЈО меѓу власта и опозицијата

0
114

(Дубаи – Портал) – Договор за Законот за СЈО не е постигнат меѓу власта и опозицијата. Барањата на ВМРО-ДПМНЕ не се прифатени.

Министерката за правда Рената Дескоска вели дека пропаднал уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија на обвинетите за упадот во Собранието на 27-ми април. Таа вели дека не ги интересирал воопшто Законот за јавното обвинителство, туку дека цело време работеле на амнестијата.

ВМРО-ДПМНЕ вчера испорачаа три услови за да го поддржат Законот за јавно обвинителство – државниот јавен обвинител да биде на предлог на опозицијата, СЈО да работи како дел од ОЈО, односно како одделение на Обвинителството, и да се формира анкетна комисија за финансиската работа на СЈО.

Од СДСМ реагираа дека ВМРО-ДПМНЕ е во одбрана на криминалот, и нив тоа им е поважно од реформите. Велат дека СЈО мора да продолжи да работи како посебно обвинителство.

Mahir Demişoski