Масовни протести во Алжир – земјата не се плаши од задоцнета “Арапска пролет“

0
200

Кандидатурата на алжирскиот претседател Абдул Азиз Бутефлике (81) за петтиот мандат по ред предизвика масовни протести во земјата. Задоцнетата “арапска пролет”, која веќе ги потресе и уништи сите соседи на земјата, конечно дојде во Алжир во форма на масовни демонстрации, и тоа не е случајно.

Според локалниот портал на ТСА Алжир, повеќе од 800.000 луѓе учествувале во протестите низ целата земја, а има и милитанти кои ги напаѓаат безбедносните сили.

За време на протестот имало судир со полицијата а повредени биле и голем број на луѓе. Полицијата уапсила 45 демонстранти. Телевизискиот канал “Скај њуз” пренесе дека едно лице е убиено, но нема официјална потврда за оваа информација.

Според полицијата, повеќето од заложниците биле под влијание на “психотропни супстанции” и дроги.

Полицијата соопшти дека во текот на денот на демонстрантите им се приклучиле и бунтовниците кои започнале да го “уништуваат државниот имот” и да се впуштаат во борба.

Специјалните сили спречија тешки казнени дела и ги притвориле најактивните хулигани. Беше објавено дека сите жртви биле хоспитализирани.

Претседателските избори во Алжир се закажани за 18 април. Абдул Азиз Бутефлика е претседател од 1999 година. Тој веќе беше избран четири пати за таа должност во 1999, 2004, 2009 и 2014 година, а луѓето во земјата го почитуваа бидејќи успеа да најде начин да ја извлече земјата од граѓанска војна и да го потисне претходниот бунт кој во десет години одзеде 200.000 животи.

Бутефлика објави на 10 февруари дека повторно ќе се кандидира за нов претседателски мандат, предизвикувајќи револт на опозицијата и закаснета Арапска пролет која претседателот успеа да ја одбие во 2011 година, иако Алжир беше на листата земји во кои западни земји, Катар и Турција одлучија дека треба да биде соборен локалниот автократски режим .

ВИДЕО – Вчерашни протести во Алжир

Потсетуваме дека во август 2011 година, Брус Ридел, американски експерт за тероризам и основач на Институтот Брукингс, изјави: “Алжир ќе биде следниот што ќе падне”.

Тој потоа предвиде дека успехот на исламистите во Либија ќе ги поттикне и охрабри радикалните исламисти во Алжир, особено АКИМ. Помеѓу насислтвото на екстремистите и можноста од француски воздушни напади, Ридел се надевал дека алжирската влада ќе падне. Ридел иронично забележал: “Алжир изрази посебна загриженост дека немирите во Либија ќе создадат безбедно засолништво за Ал-Каеда и други екстремни џихадисти”.

Алжир не е и нема да дозволи “Арапска пролет”

Ниеден сериозен аналитичар од самиот почеток на “Арапската пролет”. Брус Ридел е еден од нив, а Вилијам Енгдал изјавил дека “Алжир е една од главните цели на сите интервенции на НАТО кои се водени од Франција и САД”. По доаѓањето на власт на исламистички екстремисти во Либија, Тунис и Египет и отпочнување на воена кампања во Мали, се разбуктна неоколонијална бура над Африка. За Мали, сите тие тврдеа дека оваа земја е во однос со Алжир токму е она што Сирија е за Иран “, пречка која треба да се совлада по секоја цена, со цел во мир да се постигне крајната цел.

Сето тоа беа анализи на стручњаци и експерти за геостратегиски и геополитички прашања и медиумски натписи. Но, на маргините на Самитот на Арапската лига во Каиро во 2011 година, во кој се разговараше за затворањето на амбасадите во Сирија во земјите-членки, имаше вербален конфликт меѓу алжирскиот амбасадор во Каиро, Надир Ларбауи и министерот за надворешни работи на Катар, шеикот Хамад бин Јасим Ал Тани . Во таа прилика, за прв пат од устата на еден дипломат, и тоа од оној кој даде голем придонес во хаосот во Северна Африка и на Блискиот Исток, се слушнаа зборовите “дека Алжир ќе биде следниот”.

Министерот за надворешни работи на Катар потоа се пожали на алжирскиот амбасадор во Каиро, кој изјавил дека “Катар премногу се меша во внатрешните работи на една братска земја”, притоа одговарајќи: “Вие сте следни на ред”.

Египетските и либанските медиуми објавија дека Лабауи го обвинил Катар, ама и на главниот секретар на Арапската лига, Набал Ел-Араби, за “заговор против Сирија и другите арапски земји”.

“Ова станува збор за заговор кој вие го водите, со што ги нарушувате законите и повелбата на Арапската лига. Вие стоите на чело на сето она што е направено против Сирија и против целиот арапски свет. Вие и генералниот секретар на Арапската лига ги извршувате злосторства против Сирија и арапскиот народ “, изјавил Ларбауи на маргините на самитот за време на состанокот со Ал Тани.

Потсетиме дека алжирските дипломати кои учествуваа на самитот во 2011 година го отфрлија предлогот на Арапската лига за затворање на амбасадата во Сирија во земјата.

Алжир во вечната сенка на “Арапската пролет”.

Алжир е постојана цел на пропаганда, субверзија и лаги со кои се користат дисидентите во егзил, служејќи им на оние кои сакаат да воспостават целосна контрола или да основаат марионетска влада над оваа земја богата со ресурси на север од Африка. Многу од членовите на таканаречената ” “Слободна опозиција” заради лични фрустрации или одмазда ја критикуваат својата татковина и истовремено им служат на не нејзините неријатели.

Често, во публикациите на “лидерите на опозицијата” кои не живеат во својата татковина, како и на нивните веб-страници, можат да се прочитаат повиците за бунт и “дека Алжирците живеат тешко во својата татковина”.

Иако тврдат дека го сакаат “слободен Алжир”, очигледно е, како и во сите претходни случаи, тие ја посакуваат власта, а некои од нив и одмазда. Не ја одбиваат помошта на земјите за кои се познати што би барале, во случај да дојде до позитивен исход од “револуцијата”.

Бидејќи во Алжир денес се живее посигурно отколку во деновите на “црната деценија”,бунтовите во која токму голема улога одриграа “пријателите” на алжирските дисиденти, може да се каже дека реалноста е сосема спротивна на пропагандата. Денес во Алжир не се чувствува степенот на репресија што ќе ги поттикне луѓето на востание.

Оние кои алжирското општествено уредување го нарекуваат диктаторство, го тврдеа истото и за Гадафи или за Мубарак, а што и ден денес го повторуваат за Башар ал Асад. Факт е дека во Алжире може да се зборува, и дека владата успешно се справи со последиците од глобалната економска и финансиска криза, како и најпаметниот потег на актуелниот претседател, кој одлучи повеќе никогаш да не го види исламскиот бунт во земјата, голема реорганизација и модернизација на вооружените сили , кои се еден од најдобрите на континентот и арапскиот свет.

“Државниот капитализам” и “Петолетката” на Алжир најмногу му сметаат на Западот

Алжир, земја богата со ресурси, успешно ги спроведува развојните и градежните програми, но државата инвестира во големи проекти. Во петгодишниот план, популарен како “петголетка”, за периодот од 2010 до 2014 година, беше одлучено државата да инвестира 286 милијарди долари во сите економски сектори. 130 милијарди беа доделени за да се завршат старите инфраструктурни проекти, железници, автопати, мрежи за водоснабдување и други, и 156 милијарди долари за нови проекти.

Се разбира, постојат потешкотии со кои земјата треба да се справи, како што се невработеноста, корупцијата, бирократијата во многу сектори, недостатоците во обезбедувањето здравствени услуги и најсистематската злоупотреба на функцијата. Ќе треба да се спроведат реформи за да се спротивстават на негативните општествени феномени, да се работи на подеднакво прераспределба на ресурсите итн. Сепак, мора да се одаде признае на владата која успеа да донесе закони кои покренаа големи проекти во сите економски сектори, главно во инфраструктурата и домувањето, но во корист на луѓето, не како што се прави на Западот, во намена на шпекулирање за недвижностите.

Алжирските “дисиденти” ги поддржуваа либиските и сириските “бунтовници” и француската интервенција во Мали.

Алжирските дисиденти, кои тврдат дека се “антиколонијалисти и антиционисти и сакаат да ги бранат луѓето од тиранијата и нудат слобода и демократија”, се исти се како и оние во Либија, Ирак, Авганистан, Сомалија, Судан и Сирија.

Истите, оние кои во своите говори ги напаѓаат Израел и САД во своите програми, ја следат нивната агенда. Тие го поддржуваат Мароко и неговиот колонијален пристап во Западна Сахара, а во исто време ги обвинуваат властите и претседателите на Алжир дека ги поддржуваат народот Сахраја, кој таму се брани.

Тие тврдат и дека не го поддржуваат Западот во Либија и Сирија, а во пракса тие дејствуваат спротивно. Тие го критикуваат претседателот, армијата и судството во Алжир, знаејќи дека тие се токму браник на независноста на земјата. Од сето ова лесно е да се прозреат нивните намери, успешно сузбиени во 2011 година. Кога од соседен Тунис започна кампања за создавање на “слободна територија за идна влада во транзиција”.

Во Либија, овие алжирски “демократи” беа поддржани од одредени милитанти и таканаречениот “Транзициски национален совет”, група отфрлена од страна на Гадафи, т.н. “дисиденти” кои се вдомија во САД и западните земји, кои НАТО ги повика да ја уништи сопствената земја.

Во сирискиот конфликт, алжирските “дисиденти” дале отворена поддршка на милитантите и “Коалицијата во Доха”, а зборовите за критики беа резервирани за владата во Дамаск.

Конфликтот во Мали сакаше да се искористи и испровоцира Алжир да интервенира, со што би се искомпромитирала и ослабила власта во земјата, која ја предводеше Франција, беше само почеток на опсежна стратегија која продолжила во Мали.

Алжирската војска е стабилна институција која ја познава ситуацијата

На Алжир во времето на конфликтот во Либија и Мали, Алжир не му се приговарало заради “непрофесионалното однесување” на акцијата при ослободување на заложниците во Аменс извршена од страна на специјалните сили на алжирската армија.

Операцијата беше спроведена од страна на специјалните сили на алжирската војска и тешко е да се поверува дека “сè тргнало во непредвидлива насока”, иако последиците биле катастрофални. Имено, во јануари 2013 година, Ал Каеда со 37 милитанти упадна во рафинерија во Аменас. Во антитерористичка акција, 32 милитанти биле убиени, ама и петмина заложници, додека алжирската армија имала 32 повредени.

Алжир сакаше да покаже дека по никоја цена нема да дозволи упади на милитанти на Ал Каеда на нејзината територија. Алжирските власти соопштија дека армијата е стабилна и дека нејзината задача е да ја брани земјата од надворешен агресор, но и да ги спречи субверзивните активности што ќе ја протуркаат земјата во хаос. Една од овие субверзии беше заложничката криза во Аменас.

Претседателот Бутефлика и политичките партии нема да дозволат “арапска пролет” во земјата

Ова политичкиот врв на земјата на западните престолнини и заливските монархии им го пренесе во 2011 година и до ден денес не го смени својот став.

Со Алжир од 1999 година претседава Абдул Азиз Бутефлика, кој е наследник на националистичките и антиколонијалистичките струи, а со самото тоа и на анти-империјалистичките, и затоа е многу популарен меѓу луѓето. Освент р силни се и умерените исламски партии, како што е движењето Движењето за мир и општество, партија која го поддржаа на претседателските избори во 2009 година. Моментално на власт се локалните социјалистички Национално ослободен фронт (ФЛН) и Националната демократска алијанса (РНД) , кои немаат допирни точки со Муслиманското братство, особено не со про-саудиските тврдолинијаши на група Ал-Гама, која беше поразена во граѓанската војна.

Токму тоа е причина заради која Алжир не сака надворешна дестабилизација, бидејќи сите се ‘уште се сеќаваат на граѓанската војна која во Алжир траеше од 1991 до 2002 година, во која загинаа 150.000 до 200.000 луѓе. Ова е една од причините зошто исламиските партии не сакаат да соработуваат со Муслиманското братство и спонзорите од монархиите во Заливот. Овие партии исто така се гаранција дека владата и претседателот ќе направат се што можат протестите на незадоволните групи, кои беа во Алжир и повторно се повторуваат, и не претвораат во “заборавена арапска пролет”.

За крај да ги додадеме, и вооружените сили на Алжир кои со години се опремени со најдобро оружје кое е достапно на пазарот, вклучувајќи и купување на повеќе ескадрили на руски авиони MiG-29SMT и Su-30MKA и S-300PMU2 против-авионски системи, што е гаранција дека секое странско мешање би било авантура со неизвесен исход.

Извор:logicno