Русија и Кина строго ги осудија санкциите што САД минатата ноќ и ги наметнаа на државната нафтена компанија на Венецуела PDSV, објави агенцијата Анадолу (АА).
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, минатата ноќ соопшти дека САД на PDSV ќе и блокираат 7 милијарди долари имот. На тој начин, венецуелската компанија ќе загуби приходи од извоз во следната година во износ од 11 милијарди долари.
Портпаролот на московскиот Кремљ Димитриј Песков денеска изјави дека Русија категорично се спротивставува на ваквите интервенции.
“Ова го гледаме како манифест на нелојална конкуренција на пазарот. Оваа санкција е нелегална и претставува мешање во внатрешните работите на Венецуела “, рече Песков.











