САД и` воведоа нови санкции на Венецуела, блокиран имот од седум милијарди долари

0
194

САД и` воведоа санкции на венецуелската државна компанија за нафта PDVSA, објави вчера Белата куќа.

“Продолжуваме да ја откриваме корупција на Николас Мадуро и неговите блиски соработници, а денешниот потег ќе осигури дека тие повеќе не можат да го ограбуваат имотот на луѓето од Венецуела”, изјавил на пресс-конференција советникот за национална безбедност, Џон Болтон.

Соединетите Американски Држави го блокираа целиот имот на венецуелската компанија PDVSA во висина од 7 милијарди долари и забрануваат водење бизнис со неа, објави американското Министерство за финансии.

“Секоја набавка на нафта од Венецуела до САД може да доведе до блокирање на сметката на купувачот”, изјавил министерот за финансии на САД, Стивен Мнучин.

Исклучоци за купувачите ќе бидат само за некои европски и карипски земји.

Советник на американскиот претседател Џон Болтон додаде дека Вашингтон ја повикува венецуелската армија и полиција да ја признае транзициската моќ во земјата.

Лидерот на опозицијата во Венецуела и самопрогласениот привремен претседател Хуан Гваидо претходно повика на дводневни демонстрации во обид на своја страна да ја придо добие армијата, која го поддржува досегашниот лидер Николас Мадуро.

Гваидо ги повика граѓаните на Венецуела да се соберат на мирен, двочасовен протест напладне во средата и “да ги повикаат вооружените сили да застанат на страната на народот”. Во саботата, Гваидо ги повикува поддржувачите низ целата земја и светот да излезат на улиците, истиот ден кога истекува рокот на Европската унија за распишување на нови избори.

Извор:cdm