“Нема да запреме сё додека не ги поразиме силите кои сакаат да извршат државен удар, да интервенираат во политичкиот живот на Венецуела и настрана да го остават нашиот суверенитет и воспоставуваат марионетска администрација на американската империја”, напишал Мадуро во пораката на Твитер.
Мадуро положи свечена заклетва на 10 јануари за вториот претседателски мандат, по гласањето во мај, што опозицијата го бојкотира поради наводни нерегуларности, објави Срна.
Националното собрание на Венецуела објави дека функцијата претседател беше испразнета откако Мадуро беше инаугуриран. Соединетите Американски Држави и Групата Лима, со исклучок на Мексико, одбија да го признаат неговиот реизбор за претседател.
Лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо се прогласи за в.д. претседател на Венецуела, а неколку земји го признаа.
Извор:Vijesti.ba / NN










