Секој седми граѓанин на Северна Македонија е член на политичка партија, што ја става земјата во рангот на оние со највисоки членства во политички партии во Европа. Граѓаните се многу често инволвирани во партиски активности. Голем број од нив имаат чести и на месечно ниво активности во политичките партии. Тие се инволвирани и во кампањите. На последната изборна кампања во мај 2024 година, дури третина од граѓаните учествувале на некој собир, митинг или јавен настан организиран од партиите. Ова го покажуваат резултатите од компаративното истражување на изборните системи (Comparative Study of Electoral Systems) во Македонија, спроведено од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ИСППИ-УКИМ).

Парламентарните и претседателските избори лани доведоа до повеќе промени во политичкиот живот на земјата. Носителите на функции во извршната и законодавната власт беа заменети по двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ, на сцената се појавија нови политички актери, раководството на СДСМ беше целосно променето, а ДУИ по две децении на власт замина во опозиција.

Марко Трошановски вели дека анкетата покажува дека граѓаните во голем дел излегуваат на гласање. „Ние имаме сериозно задоволувачка изборна изленост ако ги погледнеме бројките. Нашата излезност се движи над 60 до 70 проценти на секој изборен циклус, што значи дека иако постои огромна недоверба во институциите, сепак довербата во декомратските избори постои“, оценува тој.

dw.de