Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека
американското ФБИ започна операции против терористичката организација ФЕТО во 15 држави, а веќе во Њу Џерси имало и приведени, објави Агенција Анадолу (АА).
-Покрената е сериозна истрага во врска со ФЕТО во 15 држави. Како што ни беше кажано од ФБИ, вистинското лице на ФЕТО се открива и во Соединетите Американски Држави. Во Њу Џерси и некои други сојузници државите почнаа започнаа и апсења, изјавил Чавушоглу.
Министерот за надворешни работи на Турција изјавил и дека никогаш не изјавил ништо во смисла на можна соработка со режимот на сирискиот претседател Башара Ал Асад.
Никогаш не сум рекол нешто што би можело да значи дека ќе соработуваме со лидерот на сирискиот режим Асад, ниту сум кажал ништо што би можело да го оправда тој режим – рекол Чавушоглу.











