Guess казнет со 40 милиони евра заради задржување на високи цени во некои земји

0
283

Европската комисија одлучи денеска да ја казни компанијата Guess, познат
моден бренд, со речиси 40 милиони евра глоба заради блокирање на интернет
прекугранични продажба и задржување на вештачки повисоки цени во земјите
средна и источна Европа во однос на западните членки на ЕУ.

Европската унија го забрани поставувањето на бариера во интернет-трговијата, на геоблокирањето. Поедини интернет-продавници не дозволуваат продажба во некои земји членки, што претставува дискриминација на потрошувачите.Новите правила за забрана на геоблокирање се во сила од 3 декември, објави Хина.

– Низ договорите за редистрибуција, Guess се обиде да ги спречи корисниците во ЕУ да купуваат во другите членки на ЕУ, спречувајќи ги трговците да рекламираат и продаваат во странство. Компанијата на тој начин успеа да одржи цени на високо ниво, особено во средните земји на Источна Европа. Заради такво однесување денес ја санкциониравме Guess изјавила повереничката за пазарно натпреварување Маргарет Вестагер.

Комисијата ја намалила зната за 50 отсто, на 39.821.000 евра, бидејќи Guess е, компанија со седиште во САД соработувала во истрагата.

Комисијата утврди дека производите на Guess во просек се од пет до десет посто се поскапи во Бугарија, Хрватска, Естонија, Латвија, Литва, Полска, Чешка, Романија, Словачка и Словенија, отколку во земјата западна Европа.