Пронајдени се делови од телото што припаѓаат на убиениот новинар Џамал Кашоги, објави Скај Њуз. Потврдуваат дека остатоците биле исечени а лицето е речиси непрепознатливо.
Според тврдењето на изворипт, деловите од телото на новинарот биле пронајдени во градината на саудискиот генерален конзул.
Детали за остатоците започнаа да пристигнуваат низ интернет откако турскиот претседател Ердоган побара од саудиските представници да откријат каде се наоѓаат.

Извор:hurriyetdailynews.com










