Тројца Македонци ограбиле пошта во селото Водеради во Словачка, а она што го направиле после тоа било толку глупаво што не било чудно што еднаш еден од нив полицијата успеала да го приведе.
Славчо (28), Кристијан (24) и Горан (42) ја ограбиле поштата, потоа се фотографирале со украдените пари и ги споделиле фотографиите на социјални мрежи.
Словачката полиција успеа да го приведе Славчо додека за останатите двајца сеуште трага, а преку Фејсбук ги замолиле граѓаните да им помогнат со информации.
Фотографиите кои полицијата ги објави на својата официјална страна на Фејсбук се оние кои самите разбојници ги споделиле позирајќи со пленот.
Грабежот го извршиле Славчо и Кристијан, кои нападнале поштари, и им се заканувал со огнено оружје, додека Горан ги чекал во колата.
Gepostet von Polícia Slovenskej republiky am Donnerstag, 18. Oktober 2018
Во бегство пред полицијата, двајца разбојници успеале да скокнат од автомобилот, а возачот избегал со автомобилот.
Славчо беше уапсен следниот ден, додека преостанатите двајца полицијата сеуште ги бара. Ако бидат прогласени за виновни, тие можеа да добијат седум до 12 години затвор.
Извор:cdm










