На брдо во близина на Бела Паланка, во југоисточниот дел на Србија, на врв на карпа висока единаесет метра, Мирослав Павловиќ, од блиското село Ореовац, пред 40 години изградил куќа, на која неговите соседи и минувачи се уште се воосхитуваат или чудат. Во собата со извонреден поглед на околната природа, која главно виси во воздухот, предстојуваше и тимот на Анадолу (АА).
Шеесет и четиригодишниот неквалификуван, но сигурно талентиран градежен работник, ја подигнал оваа куќа кога имал 25 години, штедејќи пари и желба да го напушти родителскиот дом и оснива семејство. Во тоа време, тоа за него било остварување на неговиот сон, карпа од каде најмногу сакал да ги гледа околните ридови, Дивљанско Езеро и убавината на Сува планина, ги избрал за местото на градба и се впушти во многу комплициран потфат.
“Го изградив она што како дете го замислев во мојата глава. Најтешкиот дел од работата беше да се донесе целиот материјал до карпата.” “Понекогаш десет или петнаесет луѓе во вреќи носеа цемент нагоре”. “Во селото мешавме на мешалица, а дотука се донесуваше со запрежни коли, а нагоре по ридот и сео тоа на грб, поакувано шест лопати во вреќи. Тоа беше лудо “, се насмевнува Мирослав.
Во куќата чиј под од дното на земата е издигнат на осум метра, тој живеел некогаш, а денес таа му служи како викендица и место каде што често поминува време, бидејќи како што вели единствено тука : “е со природата”. Исто како што објаснува токму природата, го условила изгледот на ова куќа и на неа, како што нагласува, секогаш е потребно да се прилагодуваме.
“Јас сум од природата човек, така да знам што е потребно за едно живо суштество да му биде убаво во куќата, да има убав распоред, ама исто така и сончево. Направив работи што никој не може да ги разбере. Донесував светло од сите агли преку покривите секоја соба да биде осветлена“, објаснува Мирослав.

















