Градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат,го именува плоштадот недалеку од новата американска амбасада во Ерусалим, како плоштад на САД во чест на претседателот Доналд Трамп. “Ова е начинот на кој Ерусалим ја возвраќа љубовта кон претседателот и граѓаните на САД кои стојат зад државата Израел”, рекол Баркат.
“Претседателот Трамп одлучи да го признае Ерусалим како главен град на еврејскиот народ, застана на историската вистина и ја направи вистинската работа”, додал тој, а пренесува Тањуг.
Американската амбасада во Ерусалим ќе биде отворена на 14-ти мај.
Градската општина на Ерусалим вчера поставила патокази на патот кон локацијата на новата американска амбасада, која ќе биде префрлена во тој град следната недела.
Градоначалникот Нир Баркат ги постави првите патокази во јужниот дел на градот, а на нив пишува, американска амбасада на англиски, хебрејски и арапски јазик, пренесе АП.
До преместувањето на Американската амбасада дојде откако Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел во декември минатата година.








