Имајќи ја во предвид дотраеноста, на подлогата како и другите оштетувања на локалните патишта во населба Подгорци, ги известуваме жителите на оваа населба дека започнавме со реализација на санирање на таквите патишта на кои им се дава приоритет во нивното санирање, и овозможување на нормално движење , односно комуникација по истите.
Притоа би сакале да ве информира дека како почеток од ваквата предвидена санација и како приоритет одлучивме да биде санацијата на дел од патот во Горна Мала (Османовци) кој всушнот и веќе е ставен при крај, односно саниран и завршен. Исто така ги замолуваме жителите додека трае налегнувањето на бетонската подлога доколку се во можност да го одбегнуваат овој дел , односно не дојде до оштетување на истата се додека не стане во можност за нормално користење.
Ви благодариме на разбирањето !
Со почит.
Месна Самоуправа Подгорци.









