Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска изјавил дека ќе продолжи со воената операција во Источна Гута, дел во близина на Дамаск, додека истовремено на цивилите ќе им биде овозможено да ја напуштат енклавата која е под контрола на бунтовниците.
“Нема спротивности меѓу примирјето и борбените операции. Напредокот на сириската војска вчера и ден пред тоа во Гута направен е во текот на тој прекин на огнот “ изјавил Асад.
Заради тоа, како што додал, сириската армија мора да продолжи со операции паралелно со отворањето на патот за цивилите да ја напуштат енклавата.
Ројтерс наведува дека Асад имал на ум хуманитарна пауза од девет наутро до два попладне, на кое повикала Русија, а САД тоа го отфрлија како “шега”.
Извор:Vijesti









