1
Јеменска група соопшти дека со поморски проектили гаѓала американски воен товарен брод во Аденскиот Залив.
„Вооружените сили на Јемен потврдуваат дека одмаздата против американските и британските напади е неизбежна и дека секоја нова агресија нема да остане неказнета“, се вели во соопштението на Хутите.
И покрај воените напади предводени од САД врз позициите на Хутите во Јемен, групата продолжи да ги напаѓа бродските линии во Црвеното Море, ветувајќи дека ќе ги таргетира бродовите поврзани со Израел додека не заврши војната во Газа.
(Vijesti.ba)
