ФФМ ги одреди цените: Билетите за дуелот со Исланд ќе се продаваат за 150 и 300 денари

by Administrator

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница ги одреди цените на влезниците за претстојните квалификации на националните репрезентации.

Сениорската репрезентација на 14 ноември на Националната Арена „Тодор Проески“ го пречекува Исланд, два дена младата репрезентација до 21 година игра против Франција, додека женската сениорска репрезентација за четири дена во Охрид ќе игра против Луксембург.

Управниот одбор на ФФМ одлучи влезниците за натпреварот на сениорската репрезентација против Исланд да изнесуваат 150 и 300 денари за јужна и северна трибина, а билетите ќе се продаваат преку продажната мрежа на MKТикетс.

Билетите за младата репрезентација до 21 година за дуелот со Франција ќе се продаваат по цена од 100,150 и 200 денари за јужната и северна трибина, додека влезниците за дуелот на фудбалерките против Луксембург ќе се продаваат по цена од 100 денари и тоа на билетарата на стадионот „Билјанини Извори“.


„Sloboden pecat“

You may also like