(ФОТО/ВИДЕО) Ситуацијата во Нови Пазар станува алармантна и загрижувачка

by Administrator

Во Санџак (Sandžak), ситуацијата со коронавирусот е се потешка и потешка. Поради недостасување на болнички кревети, заразените пациенти се сместуваат каде ќе стигнат, по ходниците, по столиците, по подовите. Недостасува и медицински персонал, недостасува медицинска опрема…Нови Пазар а и Тутин се наоѓаат во многу тешко време.

Многу граѓани од цел Санџак (Sandžak) донираат на разни начини. Пристигнува помош и од поединци од дијаспората, исто така и од БиХ (BiH) од поединци, како и од некои здруженија. (Udruzenje invalidnih i bolesnih osoba Blazuj)

Сепак, владата на Србија (Srbija) смета дека помошта на БиХ (BiH) на Нови Пазар (Novi Pazar) не му е потребна, пренесува Oslobodjenje.ba.

Исто така, Snews.rs пренесува дека и Турција најавила помош за Нови Пазар (Novi Pazar).

Во прилог ви презентираме фотографии и видео снимки од тешката ситуација во Нови Пазар (Novi Pazar).

 

Image may contain: text

Image may contain: one or more people, people sitting and shoes

Image may contain: text

Од ова видео може да се види како заразен пациент е оставен пред влезот на болницата, на милост и на не милост.

https://www.facebook.com/medinh1/videos/pcb.10219311965924855/10219311965204837/?type=3&theater&ifg=1

 

https://www.facebook.com/medinh1/videos/pcb.10219311965924855/10219311965444843/?type=3&theater&ifg=1

Према ова видео, може да се види како заразените пациенти ги испраќаат дома.

https://www.facebook.com/1meris1/videos/1557651667732920/

https://www.facebook.com/1meris1/videos/1555479581283462/

https://www.facebook.com/1meris1/videos/1554297078068379/

https://www.facebook.com/1meris1/videos/1555047281326692/

 

Пред посетата на премиерката Брнабиќ (Brnabić). и министерот за здравство Лончар (Lončar), овие болни луѓе беа испратени дома, со цел да се прикаже дека ситуацијата е под контрола.

Премиерката и министерот за здравство беа пречекани со завртен грб од медицинскиот персонал, а големи свирежи исто така можеа да се слушнат за време на нејзиниот говор.

Image may contain: one or more people, people standing and outdoor

„Зошто не донесе опрема?“

„Стотици луѓе починаа, илјадници се заразени!“

“Срам да ви биде!”

„Треба ли да ги погребуваме нашите браќа и сестри?“

Ова се само некои од повиците упатени до Ана Брнабиќ (Ana Brnabić). и министеркот Лончар (Lončar), прашувајќи зошто вчера вечер, заразените ациенти од болницата беа испратени дома?

https://www.facebook.com/Ald1n.Pruzljanin/videos/10160043561018858/

Денес, Сенад Ганиќ (Senad Ganić), преку апел на неговиот „Фејсбук“ „(Facebook)“ профил, ја покажа ситуацијата до кој степен е дојдена

Граѓани на Србија

А П Е Л!

Во Нови Пазар и Тутин луѓето масовно умираат. Медицинскиот персонал се распаѓа затоа што со недели водат борба за спасување на животи. Вчера, срамните медиуми во Србија објавија дека луѓето што се собрале пред Болницата од очај биле „сепаратисти и дилери на дрога“ за да ги исвиркуваат претставниците на Владата на оваа земја. Тоа е бесрамна лага, грев и исмејување на локалното население што продолжува, затоа што имаше очајни граѓани на Нови Пазар чии најблиски умреа или се разболија сериозно и немаат надеж и собирот немаше никаква врска со политиката. Таму беа граѓаните на оваа земја, и Срби и Бошњаци, кои сега се наоѓаат во овој заборавен град. Владата на оваа земја не дозволи помошта од Босна и од Турција да пристигне, така што целиот свет нема да ја виде каква е ситуацијата во овој град. Затоа, граѓани на Србија, помогнете да го спасите овој град и овој народ. Помогнете им на Нови Пазар и Тутин да бидат деблокирани и да не бидат жртви на оваа срамна политика што паѓа на рамениците на овој добар народ.
Нови Пазар и Тутин минуваат низ најтешките моменти.
Ни треба помош!
Очекуваме луѓето од оваа земја да ни помогнат да ја шириме оваа вистина.


FB: „Pomozimo Sandžaku“ 

Благодарност до Сенад Љајич за неговата соработка

„Dubai-Portal“ 

 

You may also like