Судан го отвори воздушниот простор за израелски авион

by Administrator

Приватен израелски авион, наводно, го користел суданскиот воздушен простор за да лета од Конго кон Тел Авив, во услови на затоплување на односите меѓу таа арапска земја и израелскиот окупаторски режим.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата во Ерусалим (Ал-Кудс) изјави дека првиот израелски авион прелетал над Судан и дека режимот разговарал за забрзана нормализација на односите со земјата.

Израелски официјален претставник изјави дека под услов на анонимност за АП дека станува збор за приватен авион, а не за лет на авиопревозник под израелско знаме.

Летот дојде откако лидерот на Судан, генерал Абдел Фатах ал-Бурхан, кој е претседател на владејачкиот совет на земјата, се состана со Нетанјаху во Уганда на почетокот од овој месец, што ги налути суданските и палестинските групи на отпор.

You may also like