Пристапот до мрежа најмногу ќе ги погоди тие што штедат струја

by Administrator

Граѓаните на сметките за струја ќе имаат нова ставка „пристап до мрежа“. Се уште не се знае колку ќе изнесува ова ставка, но се оперира со сума од 50 до 250 денари. Од друга страна најавено е намалување на ставката за мрежарина. Ќар од ова би имале тие што се редовни потрошувачи, тие пак што имаат станови или викендици кои се празни ќе имаат повисоки сметки. Но, ставката „пристап до мрежа“ ќе им се одрази и на оние што штедат, односно на оние што малку трошат струја.

Семејствата што штедат струја ќе добијат повисоки сметки за струја ако се воведе ставката „пристап до мрежа“. Тие што трошат повеќе може да испаднат во ќар.

„Пристап до мрежа“ ќе плаќаат сите без разлика дали трошат струја или не. Разликата е во тоа што тие што трошат струја, плаќаат и мрежарина, а има најави за нејзино намалување. Па парите за новата ставка ќе се пребијат со намалувањето на мрежарината и нема многу да се одрази на целата сметка за струја.

Со новата ставка, што ја најави Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) повисоки сметки за струја ќе плаќаат сопствениците на викендици, станови и куќи кои се празни и кои ретко се посетуваат. Тие досега ако не трошеле струја, не плаќале ниту за мрежарина, која се плаќа по потрошен киловат. Им останувало да платат само фиксен трошок за улично осветлување што е 184 денари. Сега ќе добијат уште еден фиксен трошок, кој ќе се плаќа без разлика на потрошената струја.

Од РКЕ велат дека ставката „пристап до мрежа“ е со цел да има фер и правична распределба на трошоците, па тие што имаат повеќе станови ќе имаат до 200/300 денари поголема сметка, додека тие што живеат во еден стан или куќа ќе плаќаат само една сметка и ќе им се намали мрежарината

„Ставката „пристап до мрежа“, што е подставка од ставката за електродистрибуција, ќе ги заштити оние кои домаќински се однесуваат и штедат, за разлика од оние кои се во подобра состојба и поседуваат повеќе недвижности, а не ги користат“, велат од РКЕ.

Повеќе на РСЕ

You may also like