Претседателот на Управниот одбор на МАТТО, Адемовски, оствари средба со турскиот претседател Ердоган

by Administrator

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Управниот одбор на Стопанска Комора на Македонија-Турција (МАТТО), Ајдован Адемоски во Истанбул оствари средба co претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што соопшти МАТТО на средбата се разговарало за „зголемување на обемот на трговската размена помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија и биле изразени можностите кои им се нудат на турските инвеститори.”

„Кога се зборува за чекорите кои се потребни да се превземат за достигнување на обемот на трговската размена меѓу Северна Македонија и Турција до 1 милијарда евра, со Протоколот кој го потпиша Република Северна Македонија за влез во НАТО, ќе се обезбеди стабилност и инвестициите и трговијата значително ќе се зголемат помеѓу земјите во регионот”, се вели во соопштението на МАТТО.

Пренесува: „Dubai-Portal“

Пишува: „Anadolu Ajansı“

You may also like