Фабриката на „Самсунг“ (“Samsung“) во Јужна Кореја (South Korea), која исто така произведува и преклопни паметни телефони „Galaxy Z Flip“ и „Galaxy Fold“, наводно е затворена поради ризик од коронавирус.

![]()
Фабриката, лоцирана во Гуми (Gumi), 200 км од Сеул (Seoul), привремено го прекина производството поради вирус откриен кај вработен. Другите фабрички работници беа претресени како претпазливост.

Според „SamMobile“ („СемМобил“), познат по вестите за производи и екосистеми на Samsung, откриен евработен со пневмонија (воспаление на бели дробови), во безжична единица одговорна за производство на паметни телефони во фабрика во Гуми (Gumi), Јужна Кореја (South Korea). Коронавирусниот тест на овој вработен се покажа дека е позитивен.
„Здравјето и безбедноста на нашите вработени е наш главен приоритет. Сите неопходни мерки за дезинфекција и контрола се спроведуваат веднаш“, се вели во соопштението на компанијата за оваа тема.
Се очекува да го продолжи производството денес или утре по завршувањето на тестовите од други вработени во фабриката, каде производството е прекинато со завршувањето на викендот.
Пренесува: „Dubai-Portal“
Пишува: „CNET“
