Израел ја бомбардираше Газа, тензии растат и на границата со Либан

by Administrator

Во раните утрински часови, очевидци пријавиле израелски напади во различни области на Појасот Газа, особено во централниот дел.
Во Либан, Националната новинска агенција (Ани) во петокот објави за смрт на цивил и бројни повредени во напад на израелски авиони во близина на Тир, на југот на земјата.
Францускиот претседател Емануел Макрон на самитот на Г7 во четвртокот објави дека Франција, САД и Израел ќе работат во „трилатерален“ формат на францускиот патоказ за смирување на тензиите на израелско-либанската граница. Нема напредок во преговорите.

You may also like