Британија ја забрани најголемата платформа за тргување со криптовалути, „Bianance”

by Administrator

Британскиот финансиски регулатор нареди, „Бајнанс”, најголемата платформа за тргување со криптовалути во светот, да ги запре сите регулирани активности, приклучувајќи им се на строгите мерки во Јапонија и Германија.

„Бајнанс Маркетс”, британскиот огранок на „Бајнанс”, не смее да извршува регулирани активности без писмено одобрение од ФЦА, а одлуката стапува на сила веднаш, објави агенцијата за финансиски услуги ФЦА.

 

Тргувањето со криптовалути во Велика Британија не е директно регулирано, но платформите мора да добијат лиценци за услуги.

ФЦА му наложи на „Бајнанс” до 30 јуни да објави известување на својата веб-страница и на социјалните мрежи дека на „Бајнанс” маркет не им е дозволено да вршат регулирани активности во Велика Британија.

Платформата исто така мора да води целосна евиденција во врска со потрошувачите во Велика Британија и да ја извести ФЦА до 2 јули дека ја имплементирала таа наредба.

Регулаторот не објасни зошто презела акција против „Бајнанс”, кој претходно соопшти дека ги прифаќа своите законски обврски многу сериозно и соработува со регулаторите и агенциите за спроведување на законот.

ФЦА го засили својот надзор над трговијата со криптовалути, што стана многу популарно, како во Британија, така и низ целиот свет. Од јануари, регулаторот бара сите компании кои нудат услуги поврзани со криптовалути да се регистрираат и да докажат дека се во согласност со законите против перење пари

You may also like