Баварија најави построга блокада, сегашните мерки недоволни

by Administrator

Германската канцеларка Ангела Меркел и германските федерални лидери треба да се состанат пред Божиќ за да разговараат за поостри мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, изјави денес премиерот на јужната баварска провинција.

Баварија, која досега забележа најголем број на смртни случаи од коронавирус во Германија, во неделата објави дека ќе воведе построга блокада, а Маркус Содер за телевизијата АРД изјави дека сегашните национални мерки остануваат недоволни. – Сигурен сум дека повторно ќе се сретнеме пред Божиќ, бидејќи едно е јасно: сегашниот систем на мерки не е доволен – истакнал Содер, пренесува ДПА. –

Мора да размислиме дали има смисла да почекаме до 10 јануари. Мораме да дејствуваме и мислам дека е подобро порано отколку подоцна – рекол Содер. Иако дневните инфекции веќе не растат толку нагло како порано, стагнацијата остана на високо ниво на инфекции, а Германија во средата објави најголем број на еднодневни смртни случаи предизвикани од коронавирус. Во понеделникот, податоците од Институтот за инфективни болести Роберт Кох покажаа дека бројот на потврдени случаи се зголемил за 12.332 во изминатите 24 часа на вкупно 1.183.655, а бројот на пријавени смртни случаи пораснал за 147 на 18.919. Шефот на кабинетот на канцеларката Меркел, Хелге Браун, исто така, побара уште еден состанок меѓу државните лидери и федералната влада пред Божиќ на кој ќе се разгледаат мерките за намалување на бројот на инфекции под 50 на 10.000 жители што е можно поскоро во рок од седум дена.

Браун за германскиот весник „Билд“ изјави дека луѓето треба да ги намалат контактите и повика на премин кон учење на далечина за постарите деца во фокусите на коронавирусот. Меркел и државните лидери минатата недела се согласија дека националните ограничувања, кои вклучуваат ограничување на приватните собири на пет лица од две домаќинства, ќе бидат продолжени до 10 јануари. Од среда, Баварија ќе им дозволи на луѓето да ја напуштаат куќата само од посебна причина, додека вечерниот полициски час е планиран за местата со најголема стапка на инфекција.

Извор: Фена

You may also like