Во судството, и покрај барањето на германскиот експерт Рајнхард Прибе за одговорност на судии и на највисоката судска власт, ништо не е сменето. Има само нов претседател на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев. Според тоа, во новиот Совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството за периодот 2017 – 2022, со кое ќе раководи Заев, неофицијално, ќе седнат и Караџовски и Вангеловски.
Новото тело за реформи во судството, ќе се формира следната недела, и уште не е познато колку членови ќе брои и кој се ќе учествува во неговата работа, ни рекоа од Владата.
Неофицијално, покрај Вангеловски и Караџовски по функција, во ова владино тело ќе членуваат и претседателите на основните судови со проширена надлежност, меѓу кои се и Основните судови Скопје 1 и 2, на апелационите судови и на двата управни суда. До Заев ќе седи министерот за правда Билен Саљији.
Извор:Либертас









