Норвешката компанија Kvaerner, во која 30% од акциите се во сопственост на норвешката влада, се приклучи како изведувач на гасниот проект “Северниот тек -2”, пишува денес руската агенција РИА Новости .

Поставувањето на гасоводните цевки во крајбрежниот дел на Балтичкото Море од рускиот Гаспром бара комплетна технолошка одлука.

Ограниченоста на инфраструктурата го принудуваат Газпром да привлече дополнителни странски изведувачи.

Норвешкиот Кваернер на “Северен тек-2” ќе му ги даде својот now-how и ќе извршува операции во близина на Санкт Петербург и Виборг, при што Норвежаните ветуваат дека во работите ќе вклучат голем број на руски компании како подизведувачи во работите. Дел од парите добиени од странски компании под условите на договорот ќе им бидат пласирани на руските компании.

Од политичка гледна точка, договорот меѓу Kvaerner и Nord Stream-2 AG (кој е 100% сопственост на Гаспром) му дава на проектот ново значење. Споменатата норвешка компанија има одлична репутација во изградбата на платформи.

Во февруари Соединетите Држави воведоа нови санкции против Русија, усвоени во почетокот на август 2017 година, поконкретно на – нејзиниот енергетски сектор и странските компании кои соработуваат со руските енергетски компании под рускиот извоз на руска нафта и гас во ЕУ. Со тоа тие ризикуваат да се најдат под  американски финансиски удар, па затоа оваа одлука норвешка компанија е или потврда дека не се плаши од санкциите во САД или дека главните европски земји (или ЕУ како целина) успеале да “од зад вратата на пошироката јавност” да се изборат за “олеснувања“ од другата страна на Атлантикот поврзани со нивниот енергетски бизнис со Русите.

Се сеќаваме како летото 2017 година Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, а потоа и австрискиот премиер Кристијан Керн, во заедничката изјава го повикаа Вашингтон да престане да се мешаат во енергетската безбедност на Европската унија.

Извор:geopolitika

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here