Девет луѓе загинале во текот на ноќта во протестите во повеќе ирански градови. Над стотина луѓе се уапсени од полицијата, јави државната телевизија.

Шест демонстранти загинале во судир со безбедносните сили откако ја нападнале локалната полициска станица во градот Чахдеријан. Уште две лица, меѓу нив и еден член на Револуционерната гарда загинале во регионот на Исфахан, а еден полицаец загинал во Наџафабад откако бил застрелан со ловџиска пушка.

Ова е петтата ноќ од протестите во Иран  и од избувнувањето на протестите во четвртокот минатата недела досега загинале најмалку 21 лице.

Мали групи демонстранти се појавиле на улиците на Техеран синоќа, но полицијата брзо го вратила мирот во градот. Немирите и натаму се фокусирани на мали провинциски градови. Протестите, најголеми во Иран од 2009 година, продолжуваат и покрај заканите на преседателот Хасан Рухани дека ќе се справи со како што рече, демонстрантите и прекршителите на законот.

Протестите започнаа во градот Машдад како резултат на незадоволство од лошата економска состојба во државата, но набрзо се насочија против иранскиот режим со повици „Смрт за диктаторот“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here