Бројни државници го осудија признанието на Трамп на Ерусалим за главниот град Израел, а осудата не дојде само од Блискиот Исток – Европската унија и ОН, исто така, изразија загриженост во врска со потегот на Трамп и последиците што би можеле да произлезат од истиот. Потсетуваме, Трамп, вчера, признавајќи го Ерусалим како главен град на Израел, ја смени американската политика на тоа прашање кое беше конзистентно со децении. Понатаму, тој објави дека САД наскоро ќе ја префрлат својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим.
Се чини дека Трамп не е загрижен дека овој потег ќе биде насочен кон критичарите и американските сојузници. Франција објави дека “ја отфрла едностраната одлука”. Велика Британија вели дека овој потег нема да им помогне на мировните напори и дека Ерусалим треба да биде град кој ќе го делат и Израел и идната палестинска држава. Германија истакнува дека прашањето за Ерусалим може да се реши исклучиво со решение од две држави.
Израел, пак, се очекувано го прославува потегот на Трамп – израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјавил дека ова е “важен чекор кон мирот” и “дека е постигнато она што Израел го имал уште од првиот ден“.Покрај тоа, Нетанјаху вели дека секој вид на мировен договор со Палестинците мора од сега да вклучува признавање на Ерусалим како главен град на Израел.
Секако, на такво нешто што Палестинците нема да се согласат, што значи дека Трамп, со еден удар, ја отфрли можноста за постигнување на конечен мир меѓу Израелците и Палестинците.
Извор: Advance

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here