Повеќе не е новина дека американската администрација му помога на Израел. Овој пат се работи за заштита на израелскиот режим кого палестинската организација сака да го донесе пред Меѓународниот кривичен суд. Овие обиди се стари со децении. Меѓутоа, сите израелски влади зборуваа дека нивните активности на освоените територии после арапско-израелската војна во 1967 година се одвивале целосно во согласност со правилата на војувањето. Според израелското Министерство за надворешни работи, Западниот Брег не е окупирана област, туку прашање на конфликтни интереси. Според тоа, сè што Израел  прави на Западниот брег е сосема легално.
Ако е така, светот може да се чуди зошто Тел Авив жестоко одбива да се соочи со меѓународната правда и зошто се вршат обиди за уривање на палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој се заканува со барање да судот во Хаг ги истражи израелските дејства на окупираните територии. Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, на 17 ноември го предупредил на Абаса дека владата на САД, доколку Палестинците не ја повлечат својата закана, ќе ја затворат мисијата на Палестинската ослободителната организација во Вашингтон. Меѓутоа, ако Израел постапувал законски, како што се тврди дека не треба да оди на суд и да добие единствена можност еднаш за секогаш да го докаже тоа дека не е окупаторска сила и дека може да гради населби на Западниот брег без било какви проблеми.
Затворањето на канцеларијата на ПЛО во САД се заснова на законот усвоен од страна на американскиот Конгрес во 1994 година, кратко време по историското потпишување на Договорот од Осло помеѓу Израел и ПЛО. Дури и најлошите песимисти не очекуваат дека 23 години подоцна овој договор ќе му помогне на Израел да направи анексија на дури 60 отсто од територијата на Западниот брег (опишано како Подрачје C), наместо создавање на палестинска држава на истото место. Малкумина кои би можеле да замислат дека бројот на израелските населби на Западниот брег ќе биде четири пати зголемен во тој временски период. Во тоа време имало околу 110 илјади нелегални жители, а сега има над 400 илјади без индикација за намалување на нивниот број.
Американците тврдат дека работат деноноќно на новата израелско-палестинска мировна иницијатива, што представува реченица која може да се слушне како подеднакво пред 40 години и денес. Во меѓувреме, израелскиот министер за домување и градежништво, Јоав Галант, сосема галантно ги објавува плановите за двојно зголемување на населените места во Јорданската долина, која исто така е дел од Западниот Брег. Неговиот план се состои од субвенции за кибуси кои сакаат да примаат нови жители. Ставот на Галант е во сосема спротивност со мировниот план на Блискиот Исток предводен од САД во 2003 година,  кој се обезбедува со резолуција на Советот за безбедност на ОН и се забранува понатамошна изградба на израелските населби на Западниот Брег. Згора на тоа,од Вашингтон не слушнаа закани за затворање на израелската амбасада во Вашингтон.
Галант во изјавата за медиуми изјави дека постои широка согласност во Израел дека Долината на Јордан е дел од израелската држава и дека таквиот став ќе биде заштитен во дипломатски преговори. Овој широк консензус, наводно, ја вклучува и левичарска Лабуристичка партија. Во 1992 година, тогашниот министер за здравство, Хаим Рамон, во име на премиерот Јицак Рабин најави дека во склад со платформата на паријата е  неизградбата на нови или проширувањето на постојните населби, освен на територијата на Ерусалим и долината на Јордан.
Следната година заврши е расправата околу договорот во Осло, но овој договор не ја спречи политиката на Израел за уште посилно и поинтензивно населување во долината на Јордан, додека истовремено полека, но постојано ги протеруваше Палестинците. Таквата политика особено беше на сила за време на лабуристичкиот премиер  Ехуд Барак и министерот за одбрана, Амир Перец.
Израелската политика во долината на Јордан не само што го крши меѓународното право, туку и самите израелски закони. Во 2005 година, државата објави извештај во кој се зборува за земјиште на десетици илјади Палестинци кои пребегнале во Јордан за време и по војната во 1967 година, а кои се сметаат за сопственици на имоти и сопствениците на куќи, во отсуство, не како бегалци. Нивниот број е околу сто илјади луѓе, меѓутоа некои израелски демографи и географи сметаат дека вистинскиот број е двојно поголем. Тогаш израелската влада одлучила дека алоцирањето на земјата на одсутните Палестинци на израелските доселеници била незаконска. Всушност, законот му наредува на израелската администрација само да го контролира имотот на отсутни Палестинци, ама да не им ја одзема сопственоста со што имот ќе може да им се врати на сопствениците кога ќе се вратат на Западниот Брег и го потврдат својот имот. Имајќи го во предвид тоа, израелските безбедносни сили исковале валкан план. Меѓу имотите се наоѓаат вредни области и земјишта на стотици палестински сопственици во долината на реката Јордан, па така  пограничните сили добиле листа на стотици Палестинци. Во меѓувреме, пописот на листата се зголеми на две илјади нови имиња. Стравувајќи од тужбите на сопствениците кои бараат враќање на нивниот имот, израелските власти одлучија да го забранат враќањето на сите оние сопственици на Западниот Брег. Меѓутоа, во самата Долината на Јордан останале неколку илјади Палестинци кои веќе се вратија на своите земјишта, со нив постојат и уште 75.000 бегалци од други делови на Палестинската управа или Газа, вклучувајќи 15.000 бедуински жители кои живеат во непризнаени рурални селски населби. Сите тие го нарушуваат израелскиот план за создавање на целосно еврејско подрачје. Ако на Балканот се спроведувало етничкото чистење и размената на населението, тогаш тоа во добар дел би можело да се научи од Израелците.
Израелските власти долго време размислувале за тоа и конечно дошле до заклучок како да ги охрабрат палестинските жители на Долината на Јордан да си заминат. Така, нивните земји беа прозвани како затворени воени подрачја, природни резервати или државно земјиште, а на Палестинците им се забранувал пристапот. Во оние случаи кога тоа не било успешно, следувале иселувања. Според податоците на ОН, во самопрвите два месеца од оваа година, Израел уништи 24 домови и други згради во 18 бедуински заедници и расели 133 лица, од кои повеќе од половина се деца. Причината за иселувањето и уништувањето на домовите било вообичаено за израелското право: бедуините граделе куќи без дозвола, во место каде што нема дозвола за градба, или дека теренот не е наменет за градба. Половина од тие населби биле уништени со помош на меѓународни донации на Израел за хуманитарна помош.
Долината на Јордана сочинува една третина од Западниот брег и првично била замислена како населба за палестинските бегалци кои пребегнале од војната или морале да ги напуштат своите домови (често уништени како што е опишано погоре). Палестинското министерство за планирање подготвило план за населување на половина милион бегалци во долината на Јордан, со оглед на тоа што иницијативата за мир на САД не може да понуди соодветно и правично решение за прашањето на раселените лица. Израелските населувања, од друга страна, не само што се незаконски, туку ги кршат основните човекови права и ги уништуваат сите облици на мировни разговори на кои може да се потсети администрацијата на Доналд Трамп.
Заради тоа Израел се плаши од Меѓународниот кривичен суд заради непречено продолжување на изградбата на нелегалните населби, заради однесувањето на неговата локална и регионална администрација, координиран обид за уривање на селата и нелегално протерување на Палестинци од подрачјето Ц, што заедно сето тоа претставува силно и јасно кршење на меѓународното право. Израел нема што да одговори на овие аргументи, освен можеби овие правила не важат за Тел Авив. Колку повеќе проговара  крајната десна власт во Израел , тоа ќе биде сè потешко за другите земји да го бранат Израел на меѓународната сцена.
Извор:Advance

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here