Можат ли под иста саудиска капа и Мека и Медина и футуристичкиот Неом на брегот на Црвеното море? Може ли вефабизмот мирно да го одстапи местото на умерениот ислам во време на уште жива Ал Каеда?
Какви тешкотии ја снајдоа Саудиска Арабија, најбогатата земја на Блискиот исток и најсилниот сојузник на САД, да овие денови започне да се одрекува од тврдокорниот радикален ислам, ама и да бара нови сојузници?
Од 1932 до денес, од како со Саудиска Арабија владее династијата Сауд нејзиниот социо-политички систем се заснова на екстремно вахабистичко исламско учење. Царството, кое своето огромно богатство му го должи на нафтата, овие денови денес објави дека ќе се откаже од вахабизмот и ќе се сврти кон “умерен ислам, отворен за сите религии”.
Пораката, која очигледно не беше само за внатрешна употреба, беше испратена, уште поинтересно, од инвестицискиот самит во Ријад од страна на 32-годишниот принц, принцот Мухамед бин Салман.
Кралскиот наследник, Салман, кој беше назначен за принц на круната во јуни, потсети дека 70 отсто од населението на Саудиска Арабија е на возраст под 30 години и подвлекол дека државата не сака да изгуби уште 30 години поради идејата за радикален ислам и екстремизам.
Благодарение, меѓу другото, за ангажирање на Русија во Сирија, САД, традиционалниот сојузник на Ријад, почна да губи влијание на Блискиот Исток. Затоа не е и чудно што на нозе на Владимир Путин, “новиот гзада” на Блискиот Исток, како што Блумберг го гледа, на почетокот на октомври дошол самиот крал Салман бен Абдел Азиз ел Сауд, и покрај своите години на старост. Ги брои 86,  една повеќе од неговото кралство.
Сепак, не треба да се отфрли и фактот дека Русија и Саудиска Арабија заедно даваат четвртина од вкупното светско производство на нафта и дека пораката за свртувањето на Ријад кон помек ислам изнесена е токму на ивестицискиот форум. Младиот престолонаследник во таа пригода рекол дека верува во младите саудиски генерации и нивните можности да се прилагодат на светот после нафтата. Се разбира, нафтата не е неисцрпен извор.
А, сето тоа, не е ништо друго туку почеток на работа на долгорочниот и аимбициозен план на реформа наречена “Визија 2030“, која принцот Бин Салман ја објави минатата година во месец април. Според тој план Кралството до тогаш би требало да ја диференцира својата економија и намали нејзината зависност од нафтата чија нестабилна и ниска цена минатите години поприлично ги замислила водечките луѓе во државата.

Бидејќи Саудиска Арабија е водечки светски лидер извозник на нафта, која сочинува околу 90% од вкупниот извоз на државата и носи околу 75% приходи во буџетот. За последните три години цената на нафтата која го формира буџетот на земјата падна на 90%.

Се проценува дека овогодинешниот дефицит на буџетот да изнесува речиси 15% БДП. Претходно буџетот се “крпел“ со девизните резерви, меѓутоа и тие не се непресушни. Така од 2014 година, обемот на резервите се намалил за 1.5 пат, од 737 на 487 милијарди долари.

Многу субвенции од буџетот од минатата година се укинати, а за следната година веќе е одлучено да се престане со субвенционирање на цените на горивата во ова земја. Тоа значи дека цената на бензинот ќе порасне од 20 на 36 центи за литар или за речиси 80%.

Неопходниот план за широки реформи до 2030 година, значи подразбира подтикнување на инвестиции, развој на инфраструктурата и туризмот, ама и образованието и ваќањето во коштец со дискриминацијата на жените, првенствено со нивното поголемо вклучување на пазарот на трудот.

За отварање на државата, пред сё за сите странски инвеститори и туризмот, во што спаѓа и најавата за изградба на футуристичкиот град Неома на брегот на Црвеното море, кој се проценува дека ќе кошта најмалку 500 милијарди долари, неопходно е и отворено друштво.

Ете зошто од ова година и жените ќе бидат зад воланот и зошто умерениот ислам ќе биде отворен за сите религии треба да го смени вехабизмот.

Значи промените во Саудиска Арабија, се неопходни и неизбежни. Само е прашање во која мера тие ќе бидат прифатени.Поготово кога веќе започнаа да го земаат данокот. После неодамнешната изјаца на шефото на дипломатијата за отпуштање од администрацијата на илјадници радикални верески службеници кои работеле во џамиите ширум државата, најавено е формирање на посебни академии. Таа, како што е објаснето, ќе ја надгледува интерпретацијата на исламското учење, како не би било “употребено за оправдување на насилствата или тероризмот“.

Без сомневање е дека ќе има радикални исламисти кои ќе сметаат дека тоа ќе биде одвојување од принципите на исламот.

До сега имало два обиди за реформирање на саудиското општество, во шеесетите и осумдесетите години на минатиот век и двата пропаднаа. Дали третиот ќе биде среќа, а принцот Мухаммед бин Салман ќе биде саудиски Кемал Ататурк? Доколку пак дојде дот тоа, нема сомневање дека тоа ќе влијае на целиот муслимански свет.

Извор:(TBT)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here