После завчерашниот пожар кој избувна на депонијата за одлагање на отпаден материјал на населба Подгорци и ставање на истиот под контрола, врз основа донесената одлука на Месна Самоуправа од состанокот одржан веднаш после состојбата како и утврдување на причините и изнаоѓање на соодветни решенија за состојбата на ова место предвидено за одлагање на смет, денес и официјлано беше превземена активност на затрпување на истата со (тампон) со што привремено ќе се овозможи спречување на понатамошно предизвикување на пожар, односно палење на отпадниот материјал кој се одлага на ова место и обезбеди доволен простор за понатамошно нормално и непречено одлагање на ѓубре и ставање на истата под контрола.

Од Месната Самоуправа, апелираат сите граѓани, особено до сите превозници ( трактористи ) кои вршат одлагање на отпаден материјал истиот да го вршат на соодветен начин, односно отпадот да не го оставаат пред (влезот) и во средината на депонијата, со што би се попречувало понатамошно правилно распоредување (истовар) на отпадниот материјал кој секоја недела се собира од страна на Месната Самоуправа, а од друга страна и во случај на самозапалување имајќи ги во предвид високите температури, полесно да се овозможи влез и поефикасно гаснење на пожарот од страна на против пожарните екипи доколку дојде до појава на пожар.












Najprvo, ne e deponija, tuku e diva deponija, vtoro, problemot ne se resava so “saniranje” tuku so dislociranje, ni treba trajno resenie!