(Видео/Фото) Подгорци: Сериозен пожар зафати борова шума на Подгоречка планина

0
233

Сериозен пожар зафати поголема површина од боровата шума на Подгоречката шума, познат во делот како ’ Кај бараките’. Пожарот додека екипата на Дубаи Портал беше на самото место сеуште не е локализиран, така да претстои опасност истиот во текот на денот да се прошири и зафати и поголеми делови од поранешно засадената Борова шума, како и останати делови од планината.

 

Според изјавите на наши сограѓани, пожарот бил регистриран после пладне некаде околу 14.00 часот, и според местата на кои истиот се појавил, повеќето сограѓани укажуваат на тоа дека истиот е намерно и не случајно избран овој дел од планината која изобилува со суви гранки, папрат и друг материјал кој лесно се проширува доколку биде предизвикан пожар.

Во текот на пожарот,забележано беше присуството на шумската полиција, како и припадници на противпожарните екип, кои како што изјавија наши сограѓани очигледно не ја сватиле сеирозноста од пожарот кога им било дојавено, така да на терен излегле со само мини противпожарен пикап.

Во моментите на нашето присуство на теренот, екипите на шумската полиција и припадниците на против пожарните екипи, си беа заминати од местото на пожарот, и покрај тоа што сеуште истиот не беше локализиран, а згора на тоа временските услови (ветерот) лесно ке овозможат негово проширување бидејќи истиот сеуште беше активен.

Исто така забележано беше и присуството на мала група на Подгорчани кои по секоја цена се обидуваа да го локализираат, изгаснат коментирајќи дека се револтирани од ваквиот начин на однесување на несовесните жители на оваа населба кои еве на ваков начин од засега необјаснети причини се обиделе да предизвкаат пожарв со што свесно да му наштета на Подгоречката природа, и самите Подгорчани љубители на ова наша преубава природа.

Исто така, се апелира на жителите на Подгорци, кој ги посетуваат овие предели, да бидат внимателни и да се воздржат од палење на оган на отворено, притоа исто така потенцирајчќи дека доколку забележат лица кои би биле потенцијални починители на вакви активности веднаш да бидат пријавени кај надлежните или пак кај жителите, со што ваквите активности на таквите лица бидат осудени и истите да сносат одговорност.

За колкав облик на пожар станува збор, и колкава е неговата сериознос, можете да забележите од приложените видеа кои беа регистрирани во повеќе делови од просторот кој беше зафатен со овој пожар.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here