
САД и Израел потпишаа договор за овозможување на финансиска помош од 38 милијарди долари кои Израел ќе вги прими во десетгодишен период започнувајќи од 2017 година. Целокупниот износ на пари поврзан е со трошоците на израелската одбрана. Просечно Израел ќе добива по 3,8 милијарди долари годишно, што претставува 700 милиони долари повеќе одколку 3,1 милијарда долари колку што Израел добивал според претходниот договор. Новиот договор ќе има и посебен додаток за изградба на противракетна одбрана.
Новиот договор со себе нос и одредби кои се единствени и нови во историјата на американската воена помош на Израел. Еден од условите е алоцираните пари мора да се потрошат во внатрешноста на американската воена индустрја. Постепено до рајот на договорениот износ Израел ќе мора да се пренасочува спрема американското вооружување, сё додека целокупната помош не биде врзана со американските воени услуги. Според досегашното разбирање, Израел бил во можност 26% од помошта да ја претвори во шекели, и искористи за купување во Израел. Од шестата година на договорот, тој процен ќе се намалува, а во десеттата година Израел сиот тој износ ќе мора да го троши само во САД. Тоа значи дека израелските воени индустрии, како и другите израелски воени набавувачи, ќе можат да се подготвуваат за нова стварност до 2026.
Најголемо изненадување во новиот договор е тоа што Конгресот нема да може да даде ниту цент повеќе од она што е договорено како со Израел. Бидејќи Конгресот ја има моќта за финансиско давање (одобрување), претседателот на САД нема овластувања да испраќа финансиска помош доколку Конгресот не одобри. Меѓутоа новиот договор, од Израел бара да одбие било каккви дополнителни фондови кои Конгресот би можел да му ги даде на Израел 2017 и 2018. Значи, Израел се согласил на договор да се зголемат (значително) финансиските давања, ама и тоа дека ќе ја отфрли вољата на Конгресот да испрату уште пари во Тел Авив во споменатите две години.
Во следните осум години не се споменува гаранцјата за одбивање на пари, ама во двете споменати годинисоздава проблем на поедини американски конгресмени, познати како израелски лобисти на Капитол Хил и кои сакаат повеќе моќ во рацете на Конгресот отколку во Белата куќа. Документот за разбирање, во стварност на Израел му дозволува овој договор да се раскине во случај на војна. Меѓутоа што значи војна во Израелски случај? Станува ли збор за агресија на Државата Израел или за борбите на Израелските одбрамбени сили против Хамас или Хезболах?
Секако, овој договор донекаде претставува обид да се разбие големата поларизација на Демократите и Републиканците кога во прашање е Израел. Нуклеарниот договор со Иран едногласно е одбиен меѓу Републиканците, и прифатен од 85% од Демократите, а четвртина од Демократите исто така во Конгресот го бојкотираа несекојдневнјиот ПР на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а меѓу нив бил и Тим Кејн, можен иден потпретседател на САД доколку победи Хилари Клинтон. Со оглед на тоа што Конгресот историски повеќе ја подржувал финансиската помош на Израелод поедини американски претседатели, можно е Барак Обама да се обиде да направи такви услови кои Нетанјаху би ги одбил, а со тоа и целокупниот договор. Обама засигурно тоа да биде ’опроштаен подарок’ за Израел со кој имал вечити проблеми, а со чиј премиер се скарал и на личен степен. Во својата идеја Обама успеал. Нетанјаху е принуден да потпише договор и да се посрамоти пред своите американски пријатели во Конгресот.
Израелските лобисти, меѓу нив и Американско-израелскиот одбор за јавни работи (AIPAC) и J Street сметаат дека пропаднала опозицијата на нуклеарниот договор со Иран и голем сериозен предизвик за американската политика. AIPAC не се откажал од своето лобирање. Во меморандумот кој ова лобистичка организација му го испратила на Конгресот се повикува на притисок за посилен одговор на иранското делување. Нивиот законодавен акт според нив би требало да го обвини на Иран за континуирано тестирање на балистички проектили, подршка на тероризмот и другите дестабилизациски активности. И покрај притисоците, водеќките Републиканци и Демократи не дошле до договор околу новите санкции на Иран. Сега нивната лобистичка активност се насочила на лидерот на одборот за надворешна политика во Сенатот, Републиканскиот сенатор од тенеси Боб Коркер, како и на двата Демократскис енатори, Роберт Мендез од Њу Џерси и Џо Манчини од Западна Вирџинија. И, двајцата гласале против нуклеарниот договор со Иран.
Израелските лобисри испеале да добијат продолжуавње на финансирањето, успеале Конгресот да ја одбие американската медиацијска улога при мировните преговори со Израел и Палестина, и во последен момент Конгресот испратил Ф-35 авиони во Израел. Меѓутоа не успела да го одстрани ветото на дополнително финансирање, да се урен договорот со Иран, и да се добие американска подршка за израелските населби на Западниот брег. Ставот на Израел е невидено дрзок. Себе си се поставуваат еднакви со САД иако зависат од американска помош. Израел во целост е зависен од американската техниологија, а геостратешки не игра никаква улога. Многу малечката земја во стварност претставува американски експонент и држава-клиент на американската воена индустрија чија глобална воена машинерија годишно кошта 600 милијарди. Меѓутоа израелското лоби предупредува дека линкотмеѓу двете држави не е маериканскиот интерс на Блискиот исток, туку заедничките вредности, кои се надзираат во доселениците и освојувањето на Дивиот запад во американската историја и ционизмот во Израел.
Моќта на Израел пропорционална е на израелската склоност кон точно одредени американски империјални и хегемонски интереси. Кога Американците ќе ја свртат плочата и обидат да се проближат кона Иран, влијанието на Израел паѓа. А, ако Израелците дополнително се побунат, тогаш Америка од ракавот ќе ја извади грижливо чуваната ’традиција’ на кражба на палестинска територија. А прашањето поврзано за Палестина никогаш не било приоритет ниту на САД ниту на другите блискоисточни земји, бидејќи на сите целта им била да се одржи статусот кво што е можно повеќе.
Израел нема да го искористи американското оружје да го нападне Иран, ама ќе продолжи по пат на него со својата апартхетска политика и незаконско населување на Палестина, како и веќе постојаните секојдневни масакри во Газа. Сето тоа ќе го платат американските граѓани – и тоа дупло. Имено, не само тоа што граѓаните на САД плаќаат даноци преку кој се создава буџетот на американското Минситерство за одбрана, од каде потекнува помошта кон Израел, тку финансиската помош на странство не се пронаоѓа во самиот буџет, туку се пренаменува од него, на штета на домашните јавни услуги на државата.
Во целата таа игра на американскиот слон и израелскиот глушец стои и хакираната имејл пошта на поранешниот министер за надворешни работи Колин Пауел кој потврдува дека Израел има 200 проектили со нуклеарно вооружување . Во имејлот Пауле се допишувал со лобист и донатор од Демократската партија Џефри Ледсом во кој се оправдува договорот со Иран. Паиел во еден момент зборува дека “дечките во Техеран“ нема да користат нуклеарно оружје, падури и ако го направат бидејќи знаат деа Израел има 200 боеви глави насочени кон Иран, а Американците имаат илајдници. Канцеларијата на Пауле кратко објавил дека Пауел не бил брифиран и немал никаква врска со американските извори за постоењето или големината на израелската нукеларна способност. Како и многу луѓе, тој верува дека постои таква способност, а бројката од 200 е спомената бидејќи за неа се шпекулира во изворите отворени за јавноста.
Иако вече пред неколку десетлетија се нагаѓало за израелската никлеарна програма, Израел нкогаш јавно не се прогласил за нуклеарна држава. Постоењето на програмата за вооружување се смета за тајна информација и во израелската и во американската влада. Кога ќе се анализираат настаните од последните години, може да се заклучи дека израелската нулеарна програма подеднакво во својата моќ е иста со наа на Иран – има моќ на нагаѓање и скриен закани, ама тикму како и Иран па дури и Израел да го има тоа вооружување, тешко дека ќе може да го искористи. Во конкретниов временски период доаѓа како одредено предупредување до Израел дека звецкањето со оружје може да се протолкува со онаа старата: “ Кучето кое лае, не гризе“.







