
FOTO: (Wikipedia)к
Од доаѓањето на престолот во 1558, Елизабета веднаш тргна во воспоставување на дипломатски, трговски и воени врски со муслиманските владетел во Иран, Турција Мароко и сето тоа од добри причини.
Британија денес е поделена како ниогаш досега. Земјата му го сврте грбот на Европа, а нејзината владетелка за цел има остварување на односи со Исткот. Колку и како ова да звучи, изгледа ако денешна Британија и сето таа ја опишува државата во 16.век за време на златнот период на најславната владетела, кралцата Елизабета I.
Еден од најневеројатнте аспекти на Елизабетината Англја засигурно е и фактот дека нејзината надворешна и економска политика била водена во сојузништво со исламскиот свет, така да оние кои денес се служат со популистичката реторика за националниот суверенитет, тоа згодно го игнорираат.
Во 1570 година кога станало јасно дека протестанска Англија нема да се врати кон католицизмот откако папата екскомунцира Елизабета и побара да и` се одземе круната. Наскоро власта на католичка Шпанија се сврти против неа,и се заканувала инвазија. На Англиските трговци им било забрането да тргуваат со богатот пазар на шпанска Холандија. Економската и политичка изолација се заканувала со уништување на новата протестантска држава.
На сето тоа Елизабета одговорила со поврзување со исламскиот свет. Единствен шпански ривал било Османлиското царство со кое владеел Мурат III, кое го опфаќало просторот од северна Африка преку источна Европа до Индискот океан. Османлиите со децении војувале против Хабсбурговците при што освоиле и делови на Унгарија. Елизабета се надевала деа сојузот со султанот ќе и` го овозможи потребното олеснување од шпансата агресија и овозможи на нејзините трговци продирање на плодниот пазар на Истокот. Исто така таа остварила и значителни контакти со османлиските ривали, шахот на Персија и владетелот на Мароко.
Сепак проблемот бил во тоа што муслиманките царства биле далеку помоќни од малата островска нација на Елизабета која лебдела во влажната маглештина на крајот на Европа. Елизабета сакала да се впушти во нови трговски сојузи, ама не можела да ги финансира.На сето тоа, таа одгооворила искористувајќи ги акционеските друштва – непознати трговски иновациии кои ги воведила незината сестра, Марија I.
Компаниите претставувале трговски здруженија чии заеднчкии сопствениици биле акционери. Главнината се издвојувала за финансрање на трошоците од трговските патувања, а профитот – или губитоците исто така се делеле. Елизабета со многу ентузијазам ја подржала Московската компанја која тргувала со Персија потоа доведе до оснвање на Левантскта компанија која тргувала со Османлиите како и со Источноиндиската компанија која на крајот ја освоила Индија.
Во 1580 година таа потпишала договори за трговија со Османлиите кои на сила биле повеќе од 300 години, а кои на нејзините трговци и гарантирале слободен пристап со земјите на Османслиското царство. Слично партнерство потпишала и со Мароко, со премолчено ветување за воена подршка против Шпанија.
Како што пристигнувале парите, Елизабета на муслиманските партнери започнала да им испраќа писма со благодарност за предностите од меѓусебната трговија. се разбира притоа обраќајќи му се на Мурат како “ најмоќен владетел на Турција, единствен и над сите, и најсуверен владетел на Источното царство.“ Исто така, таа играла и на двоен анимозитет спрема католицизмот опишувајќи се себе си како “ непобедлив и најмоќен бранител на христијанската вера од сите идолотарии“. Како муслиманите, така и протестантите го отфрлале обожувањето на иконите ја величеле неспосредната Божја реч додека пак католиците предноста ја давале свештеничото посредување. Таа вешто ги искористила протестантите и муслиманте како две страни со иста еретичка идеја.
Нејзината игра успеала. Илјаднци англиски трговци поминале многу од денешните “забранети“ регион ако Алепо во Сирија Мосул во Ирак. Тие патувања биле далеку посигурни од истите потенцијални патувања низ католичка Европа каде ризикувале од паѓање во рацете на инквизиторите.
Османлиските власти својата способност ја виделе во прифаќање на луѓе од сите вери как знак на моќ, ане слабост, така да на тогашнот протестанско-католички судир гледале како на некоја далечна мисла. Некои Англичани дури и примиле ислам. Некои како Самсон Ровлие, трговец од Норфолк кој станал Хасан Ага главен ризничар за Алжир.
Англиските аристократи уживале во свила и зачини од Истокот ама Турците и Мароканците видно не биле заинтересирани за англската волна. Нив им било потребно оружје. Во зајадливиот чин на одмазда Елизабета го извадила металот од осквернавените католички цркви и стопила нивнте звона за изработка на муниција кои со бродови се извезувала во Турција докажувајќи дека матмата западњачка продажба на оружје датира многу наназад од аферата Иран -Контра Кралицата покренала сличн работи и со Мароко, продавала оружје и купувала салитра, неопходна состојка за изработка на барут.
Шеќерот, свилата, ќилимите и зачините влијаеле на англиската храна, декорации во домовите и начинот на облекување. Зборовите како “ шеќермала“ и “тиркиз“ (турски камен) станале вообичаени. Дури и Шексипр соучествувал на свој начн за ова напишувајќи го Отело веднаш после првата шестмесечна посета на мароканскиот амбасадор.
И покрај трговскиот успех на акционерските друштва британската економија не успеала да се одржи на трговијата со далечнре земји. Веднаш после смртта на Елизабета 1603, новиот крал Јаков I,потпишал мировен договор со Шпанија и ја прекина војната помеѓу двете држави.
Про-исламската политика на Елизабета ја одложи католичката инвазија, трансформира англискиот вкус и воспоставила нов модел за акционерско вложување кое на крај ќе ја финансира компанјатаVirginia а која ја оснива првата трајна северноамеранска колонија.
Се испоставило дека исламот, во своите манифестации – имеријална,воена и трговска, одиграл важна улога во историјата на Англија. Денес, кога анти-муслиманската реторика е неизбежна во политичкиот дискурс, вреди да се запомне дека нашите минати повеќе се испреплетени отколку што се признава.









