%d0%b3%d0%b0%d0%b4%d0%b0%d1%84%d0%b8

Имајќи ја во предвид сё полошата ситуација во Либија, сё повеќе луѓе се свртуваат кон младиот Гадафи како потенцијален спасител.

Од кога започна либиската револуција, повеќето медиуми на Моамер ел Гадафи го претстави како злосторник и дикататор кој го угнетувал сопствениот народ. Вистината за воља, и не е баш нормално некој да владее со држава 42 години. Денес знаеме дека не е баш сё онака како што тоа го прикажуваше западната медиумска машина и дека некои достигнувања на Гадави за цело време беа замолчувани (прикривани).

Иако западните медиуми сеуште го валкаат поранешниот либиски лидер Гадафи, она што тие не сакаат да се знае е тоа што ова африканска земја имала најголем стандард на овој континент. Фанатичните афрофили и атлантисти ќе речат дека тоа било лесно заради нафтата. Денес “ослободената’ Либија претставува една од базите на Исламската држава…

Пред доаѓањето на Гадафи на власт, кога Либија беше под “протекторатот“ на Западот, само 25% од населението било писмено. Денес 83% од Либојците читаат и пишуваат, 25% имаа факултетска диплома.

Малку е познато дека во Либија не постоеле сметки за струја, а не постоеле ниту камати на кредити во банките, кои биле државни. Исто така , не се знае дека Гадафи наредил, дека се додека секој Либиец не добие куќа, ниту еден политичар, па ниту член не неговото семејство нема да има своја. Така починал и таткото на Гадафи, кој дотогаш живеел во шатор.

Доколку некој Либиец посакал да се школува во странство или му било неопходно за лекување надвор од границите на земјата, добивал парична помош од државата која би ги плаќала сите трошоци и згора уште би давала под 2.300 долари за сместување и превоз.

ЖИВОТ ПОД ВЛАДЕЕЊЕ НА ГАДАФИ

Гадафи знаел дека водата е најважна за пустинската земја, па заради тоа направил голем водовод низ Сахара, кој ги споил Триполи, Бенгази и Сирт. Тоа овозможувало непрекинато снабдување ама и порст на градската популација. Меѓутоа за жал. со бомбардирањето од страна на НАТО добар дел од водовод е уништен.

Гадафи Либија ја остави без било каков надворешен долг, со девизни резерви од 150 милијарди долари, кои останаа замрзнати во банките ширум западниот свет. Дел од заработените пари од продажбата на нафта, главниот извозен артикл на земјата , се слевал на сметка на сите граѓани на Либија.

Полковникот Моамер ел Гадафи на власт дошол по пат на воен удар во 1969 година. Либија дотогаш била една од најсиромашните земји на светот. После 42 години од неговото тиранско владеење, односно кога западна во вителот на Арапската пролет, Либијците спаѓаа во народи сонајвисок стандард во Африка и светот. Под Гадафи живееле специфично, тотално различито од начинот како што се живее во Европа. Пропагандната машинетија на чело со СНН пресметала дека Гадафи за 42 години од власта убил неколку илјади луѓе. Од неговото паѓање во граѓанската војна, како и изминатите години од “ослободувањето“, во Либија настрадале повеќе од 60.000 луѓе.

Велат дека Гадафи, како и секој диктатор ја ограбувал државата. Тоа е вистина  – колку пари има на неговите сметки (приватни) никој не знае. Ама колку милијарди Либија изгуби заради војната и колку губи сега? Сите сега се прават дека не знаат и никој не ја споменува либиската нафта. Та е под контрола на компаниите на евроатлантските држави. Денес производството на нафта во Либија намалено е на 400.000 барели дневно, додека пред избувнувањато на судирите производството било на нивото од 1,65 милиони барели.

Можеби без сомнение Гадафи бил диктатор. Во негово време повеќе од 20.000 луѓе биле во затвор, според податоците на Amnesty International тоа биле осудени криминалци. Сега во затворите лежат повеќе од 30.000 луѓе. Сепак овој голем диктатор направил завидна инфраструктура во ова голема богата земја. Денес сё е во хаос. Еден ден има струја, па десет нема. Интернет нема, а телефоните работаат повремено. Сите комуникциски услуги зстанале и сите нормални сервисни услуги се во колапс. Во времето на Гадафи резервоарот можевте да го наполнете за три евра, а сега за тоа горива има и неколку месеци недостаток.

ГЕНЕРАЛОТ КАЛИФА ХАФТАР, МИЛЕНИК НА ЦИА

Проблем во Либија е тоа што никој не може да ги контролира племињата. Сега во Либија постојат илјданици Гадафи кои мислат дека сё им припаѓа и сето сакаат да го присвојат за себе. Либиските судири имаат и свој меѓународен карактер.

Под покровителство на западните земји, речиси секоја недела се одвиваат преговори на двете влади околу обединувањето во една, меѓутоа тие речиси две години не даваат резултати. Се предвидува дека клучна борба за власта ќе се води помеѓу двајца луѓе – Сеифа ал Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер, и генералот Калифа Хафтар, миленик на ЦИА.

Иако бил чивек на Гадафи и оперативец на ЦИА, имајќи го во предвид односот на силите на терен, генералот Калифа Хафтар најверојатно е еден од кандидатите за кормилото на воено зафатената северноафриканска земја. Од друга страна, либиските племиња младиот Гадафи го гледаат како единствен и легитимен спасител на земјата и подготвени се да го подржат како де факто лидер во било каков политички процес.

Во март Хафтар го ослободи Бенгази и со своите сили тргна кон Сирт – град кој Исламската држава го претвори во трета престолнина во изминатите две години, со Рака во Сирија и Мосул во Ирак. Меѓутоа које во стварност генералот Хафтар, кој на либиската политичка сцена е  веќе 40 години? Тој бил лојалист на Гадафи и затворан бил од неговите непријатели, меѓутоа од неодамна е шеф на Либиската армија лојална на меѓународно признатата влада во Тобрук. Хафтар за време на владеењето на Гадафи станал полковник на либиските трупи во граѓанската војна во Чад.

Заробен е во 1987 година, после кое Гадфи практички го “пуштил низ вода“, бидејќи не сакал да ја признае вмешаноста на своите трупи во Чад. На заробениот полковник тогаш му помогнале САД со надеж дека ќе им помогне во соборувањето на Гадафи. Хатфар му се продружил на опозициската група Националниот фронт за спас на Либија, која воено и финансиски била помагана од страна на владата во Вашингтон. Под придружба на ЦИА, Хафтар е префрлен во САД, каде живеел од почетокот на 90-те до 2011 година.

Сеиф ал Ислам, син на убиениот либиски лидер, пуштен е од затворот во Зинтан, каде поминал речиси пет години. Во август минатата година младиот Гадафи во Триполи беше осуден на смрт со стрелање, меѓутоа казната не е извршена на инсистирање на организацијата Human Rights Watch, која ја обвини самопрохласената влада за политизирање на судскиот процес. Сеиф не бил присутен на сослушувањата, бидејќи како затвореник во Зинтан со кој управувала владата во Тобрук, не бил во надлежност на власта во Триполи. Споменуваме дека Либија денес има најмалку две влади, кои една со друга не се признаваат.. Сега кога е на слобода, главно прашање е каква ќе биде улогата на Сеиф Гадафи во иднината на Либија?

ПОВЕЌЕТО ПЛЕМИЊА ГО ПОДРЖУВААТ ГАДАФИ

Извори блиски до младиот Гадафи, изјавиле дека Сеиф веќе започнал да контактира со луѓето кои го подржуваат и прават план за спасување на земјата. Имено, Сеиф е предодреден да игра улога во племенски структуираното либиско општество. Мнозинството на племиња кои го подржуваа неговиот татко сега на Саиф го гледаат како легитимен спасител и подготвени се да го подржат како лидер во било кој политички процес на национално помирување и обединување на земјата.

Libyan Colonel Moamer Kadhafi's son Seif al-Islam

Докторат стекнал на познатиот London School of Economics and Political Science, а неговиот академски кредибилитет доведен е во прашање после соборувањето на неговиот татко до власт. Обидот од тоа да се направи афера од страна на надобудните блеристички кругови во Британија резултираа во 2011 година со оставка на деканот на ова престижна инстируција  Хауард Дејвис. Меѓутоа дополнителната тријажа на докторатот на Сеиф Гадафи не пронашла неправилности ину плагијат. Веднаш после тоа уследи оставка на угледниот професор Дејвид Хелд, без докажана вина.

Според сознанијата на ТВ станицата РТ, либиските племиња веќе донеле одлука дека Сеиф Гадафи да го прифатат како нивни  единствен представник. Тоа значи дека Сеиф Гадафи ќе биде задолжен за преговорите, прифаќањетои  одбивањето на условите за национално обединување.Племињата кои се противат на Арапската пролет се собраа во така наречен Врховен совет на либиските племиња и единствено што им недостига е политичка конкретност и силно водство, кое според нивното мислење, тоа може да го обезбеди само Сеиф ал Ислам Гадафи.

Имајќи ја во предвид сё повеќе лошата ситуација во Либија, сё повеќе луше се свртуваат кон Гадафи како потенцијален спасител. Според последните извештаи, приврзаниците на Гадафи сега се апсолутно мнозинство во Либија и претставуваат глас кој не може да се игнорира. Полковникот Гадафи кон крајот на 2011 година беше поразен, а неговото убиство за меѓународната заедница значело дека и званично е крај на војната во ова земја, ама и преземање на управата над институциите и вредностите, пред сё над нафтените полиња. Меѓутоа дури тогаш започна вистинската војна.

Кој ќе победи – пред сё ќе го одреди конечниот исход од војната со Сирија. Бидејќи треба да се потсети дека во ниту еден момент Либија не станала предмет на сериозни преговори , како што во повеќе наврати е направено со Сирија и војната која таму трае веќе со години.Либиските завојувани страни никогаш не се повикани во Женева на меѓународни преговори, како што тоа е направено со Сирија, и никогаш за нив не се заинтересира претставник од калибарот на американскиот државен секретар Џон Кери, рускиот министер за надворешни работи Сегеј Лавров или шефицата за надворешни работи Федерика Могерини.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here