МО СДСМ – ПОДГОРЦИ Бајрамска Честитка: Да ги сочуваме и се вратиме кон вистинските вредности, на меѓусебното почитување, соживот и уважување на сите граѓани на оваа наша Македонија

0
192

По повод претстојниот празник Курбан Бајрам, Месната организација на СДСМ-Подгорци и Социјал Демократската Младина на Македонија (СДММ) – Подгорци на сите верници од исламска вероисповест им упатува честитка и од срце им посакува бајрамските денови да ги поминат во благосостојба, здравје и радост, заедно со своите семејства, роднини, соседи и пријатели.

Притоа да не заборавиме, односно сочуваме и вратиме кон вистинските вредности, на меѓусебното почитување, соживот и уважување на сите граѓани на оваа наша Македонија. Да се потрудиме  на нашите деца и идни генерации  да им овозможиме иднина достојна каква што треба да ја имаат, да им овозможиме образование и нивно место во ва наше општество, со што на тој начин и тие утре би ги ценеле вредностите на заедничкиот живот кој со векови го чуваме како аманет од нашите поколенија.

Месна Организација  СДСМ-Подгорци

ЛК на Социјал Демократската Младина на Македонија – Подгорци

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here