
Поразителен е фактот дека САД, најбогатата земја на светот, има најголем јаз помеѓу богатите и сиромашните. Во однс на западно-европските земји САД имаат двојно повеќе сиромашно население. Во Америка отсекогаш постоел голем јаз помеѓу богатите и сиромашните, меѓутоа, диспаритетите кои сега постојат не се паметат во изминатите години. Додека пак богатите стануваар сё побогати, средната класа се бори за опстанок.
Имено, според податоците од Канцеларијата за попис на населението на СА, 15% од вкупната популација е сиромашна. Изразено во бројки, 47 милиони Американци се наоѓаат под прагот на сиромаштијата, што претставува раст за повеќе од 2% во однос на ресесиската 2008 година. Колку за пример, уште во 2000 година, бројот на сиромашните во Америка изнесувал 11%. Меѓутоа според алтернативната проценка сиромаштијата која ги опфаќа не само семејните примања, туку и местата во кои луѓето живеат и цените на користење на станови под закуп, како и 6,4 милиони луѓе постари од 65 години живеат во сиромаштија
Десет милиони Американци денес заработуваат помалку пари отколку во “златните“ 70-те. Тогаш работникот во приватниот сектор бил платен просечно 9,08 долари по час, додека денес е плате 7,25 долари. Како би задржале одреден степен на животниот стандард, многумина биле принудени да работаат сё повеќе, па сега се работи повеќе отколку во било кој период од 1920 година. Повеќе од 40% од Американците работаат повеќе од 50 часови неделно, а бројот на лица кој и покрај работењето остануваат сиромашни е сё поголем и веќе го добиле своето име “working poor.” Бројот на таквите луѓе страотно брзо расте додека според статистиките бројот на невработените постојано се намалува.
Иако многу луѓе повторно се вработуваат, тие најчесто земаат работи со пониски плати и помала безбедност на работното место во споредба со работите за средната класа, а кои ги извршувале пред економската криза. Тоа значи дека отприлика третина од семејствата во кои се вработени двата сопружници веројатно нема доволно пари за подмирување на основните потреби.
Податоците објавени после рецесијата во САД покажуваат дека 20% од најбогатите Американци прима 48% од сите остварени приходи, додека 20% од најсиромашните добиваат помалку од 5%. Причините за загриженост се толку големи доколку се земе во обзир и тоа дека 60 илјади Американци годишно умираат од т.к.н професионални заболувања.
ЈАЗ КОЈ СЕ ЗГОЛЕМУВА
Американскиот просечен праг на сиромаштија се пресметува на основа годишниот паричен приход кој претставува променлив број кој варира во однос на времето и големината на семејството. Официјалната граница на сиромаштијата во Америка е 23.283 долари годишно по семејство од четири членови, т.е ако две возрасни особи месечно заработуваат заедно нешто помалку од две илјади дорлари. Официјалната скала на сиромаштија претставува незавршено мерило на она што е потребно за покривање на основните животни потреби и пред се таа исто така е и статистичко мерило, а не вкупен опис на сё што им е потребно на луѓето за живот.
Со оглед на споменатото, посебно изненадувааат податоците добиени со испитување на јавното мислење. Американците сиромаштијата воопшто не ја перципираат како проблем и сметаат дека таа е карактеристична за земјите од Третиот свет. Мал број на оние кои ја препознаа сиромаштијата како проблем склони се кон изедначување со бездомништвото. Официјалните бројки покажуваат дека бројот на бездомници во САД изнесува некаде околу 600 илјади додека онаа неофицијалната бројка е двојно поголема.
Американските аналитичари тврдат дека степенот на сиромаштија го следи стопанството, што значи дека расте со текот на рецесијата и паѓа во текот на економскиот напредок.. Спорд таа теорија, моменталната висока стапка на сиромаштија се смета за последица на борбата со изминатата криза и заостанување во отварање на нови работни места. Сепак, коментирајќи ги податоците за сиромаштијата, аналитичарите тврдат дека повеќе растот на бројот на сиромашните треба да загрижува растечката нееднаквост на богатите и сиромашните.
Во последните неколку десетлетија, заработката на богатите Американци драстично се зголемила,- заради растот на платите, бонусите, акциите и другите компензации, додека заработката на помалку платените работници драстично се намалила. Порастот на сиромаштијата особено ги погодило слабо образованите Американци и нивните деца. Речиси половина од децата растат во сиромаштија, без оброк на училиште, или бонови за храна.тие деца би гладувале. Аналитичарите исто така се спорат и околу пристапот кон овој проблем, со оглед на растечката не-бела популација.
Се поставува прашањето, дали е потребно да се повлекуваат потези кои би продолжиле на разбивањето на расната бариера, па така би се одстраниле и препреките за економската еднаквост, или напростое е потребно да се унапредува економскиот статус на сите граѓани на САД без оглед на расата. Според податоците, тешките времиња сега посебно прогресивно ги погаѓа белците. Песимизомот го достигнал својот врв од 1987 година, а последните анкети покажуваат дека дури 63% од белците мислат дека состојбата во економијата е многу лоша..
ПРОМЕНА НА ПАРАДИГМАТА КАКО МОЖЕН ИЗЛЕЗ
Американците традиционално својата продуктивност ја реализираат во формата повеќе пари-повеќе работи, а не во формата повеќе време. Меѓутоа со последиците на таквиот избор сё повеќе е тешко да се излезе на крај, трката во потрошувачката води кон акумилирање на долгот и животот наадвор ос финансиските можности што повторно довело и доведува до финансиски слом на повеќе семејства.
Заради влошување и нарушување на квалитетот на животот на могуте американски работници, наназад неколку години, настанало дури и движење, чиј лидер е Џонј де Граф, кој собира сё повеќе Американци и за цел има да ја промени водечката парадигма во нова која ќе го сублимира ставот “ Не за прекувремената работа и стресот“.
Новата парадигма би ја промовирала социјалната правда и поразличниот начин на потрошувачка со цел подобрување на квалитетот на животот и заштита на околината. Меѓутоа шансите за такво нешто без структурни промени на системот благо кажано се миниорни. Дури и ако се прифати новото размислување кое ќе започне од спознавањето дека е потребна одредена равнотежа помеѓу политиката и пазарот, помеѓу создавањето на правилата и подредувањето на правилата, помеѓу богатите и сиромашните – и поснатаму останува прашање, како би можеле да го реализираме, а тоа прашање не е поврзано само со Америка туку и целиот свет.
Пропаѓањето на пазарната економија во подрачјата кои се далеку од послувањето и економијата доведуваат до разорни социјални учиноци, а секоја политичка или некоја друга сила која и` се спротивставила се карактеризира како сентиментална и нелогична. Можеби е решение, како што вели американскиот социолог Ерик Олин Врајт, на прво место да се постави економскиот развој,а не кревкиот економски раст, бидејќи развојот значи подобрување на човечката учинковитост како и успешност на целото општество. Потребно е да може да се произведе еднаква количина со мал излез, да се подбри квалитетот на животот градејќи заеднички односи и повеќе можности за луѓето. За разлика од економскиот развој, економскиот раст претставува само производство на уште работи што Америка , а и целиот свет, повеќе не им треба, а ниту можат да поднесат.
Извор:: www.povertyusa.org | www.worldhunger.org | www.humanosphere.org | www.reference.com | | www.huffingtonpost.com |









