
Скромно ама добро облечен, насмеан, но видливо исцрпен. Изгледа како да ја гази петтата деценија од животот, но тој всушност има само 35 години. Горан мора да станува порано за да го фати фабричкиот автобус кој секое го вози до работното место. Тој живее во Велес, ама работи во близина на Кавадарци, во погонот на германски Дрекслмаер, голем производител на автомобилски делови. Горан работните денови ги поминува на нозете – чекајќи автобус, стоејќи во него бидејќи седишта се зафатени, во погонот на фабриката, каде што може да одмори само во текот на дваесет минутната пауза. Вештите раце се грижат електроника која ќе биде испорачана на Мерцедес да биде беспрекорна и на крај вградена во автомобилите кои ќе ги возат на некои посреќни луѓе. Горан за автомобил од моделот на Mercedes-Benz може само да сонува.
“Тешко е, ама мора да се турка. Немам избор. Цел ден сум на нозе за 180 евра месечно. За работат во време на викендите или државни празници се добива малку нешто повеќе од тоа. Физички издржувам, ама да Ви кажам психички веќе попуштам . Ме убива тоа што сум под постојан притисок за да ја исполнам дадената норма. Станува збор за многу силно темпо, не можам да сватам зошто толку форсирање. Велат, германска фирма, Германецот сака квалитет – ама под вакви услови!?“– се зачудува Горан.
Овој човек е еден од ретките кои се подготвени да прозборат за експлоатација во фабриките кои странските инвеститори ги водат во Македонија. Затоа, ние им понатаму ќе продолжиме да го нарекуваме Горан и нема да го откриеме неговиот идентите. Тој е убеден дека тоа ќе биде покорисно за јавноста, по име, да зборува за нечовечки услови за работа – ама стравот од губење на работното место е посилен. “Остави ја Германија, ама барем условите да се приближни како таму! Еве доаѓа уште едно лето, а ние во погонот немаме сустем за ладење (клима). Климатизери се исклучуваат во 14 часот секој ден. Не дај Боже да биде топло како и минатата година, кога луѓето се распаднуваа (колабрираа). Толку да се штеди струја, па тоа навистина е катастрофа“.

Слична судбина делат и други илјадници работници во странски и домашни компании во Македонија. “Буквално работиме како на лента. Доколку беше лесно немаше во овие две три години да заминат околу 4.000 луѓе. .Постојано едни заминуваат, а други доаѓаат, ретко кој издржува. . Јас сум самохрана мајка и морам да бидам тука, нема подобро, ама психички веќе попуштам “, вели една работничка од Штип, град во кој се наоѓа уште еден германски производител на автомобилски делови Џонсон контролс, како и десетина домашни и странски фабрики за конфекција. Еден друг работник вели: “Постојано над главата ми стои контролор и ме притиска. Велејќи ми дека ќе ми го намали така наречениот бонус за квалитет на платата ако не ја исполнам нормата. А, верувајте дека ретко кој може да ја исполни.
Невработеноста во Македонија, според официјалните податоци паѓа благо ама и понатаму изнесува огромни 25 проценти. Половина од невработените се на возраст под 30 години. Платите се намалени и се граничат со беда – околу 70 отсто од вработените имаат просечна плата од 355 евра или помалку. Кубурат еднакво и работници вработени од страна на големите странски инвеститори кои владејачката клика ги претстави како спас за македонската економија. Иако компаниите како Џонсон Контролс, Tehnohozea, Van Hul, ODV Elektrika зедоа огромни субвенции за отварање на работни места, таму работниците не заработуваат ништо повеќе отколкуна друго место.
Како просечниот Македонец крпи крај со крај со месечна плата која не е поголема од една дневница на германски работник, вработен можеби токму во иста фирма? “Не постои рецепт”, вели еден средовечен Скопјанец. “Ова е само колку да се прехраниш и платиш комуналиите. Ама и за тоа не е доволно. Ретко кој не е по две плати во минус во банка.. Ако имаш кредит а речиси имаат го имаат скоро сите, тогаш тешко тебе. Ќе работиш само за да ги вратиш долговите . “
Статистичките податоци покажуваат дека, со собирање на кредити и минусите на тековните сметки, граѓаните им се должни околу две милијарди евра на банките – по жител што е околу 1.000 евра по глава на жител. Статистика и сведоштва покажуваат нешто полошо: според модерно ропство Македонија е тажен европски лидер. Тоа неодамна беше објавено од страна на Фондацијата Walk Free, која проценува дека околу 13.000 луѓе во Македонија работаат во робовладетелски услови. Тоа е на ниво од 0,64 отсто од популацијата со што Македонија е на светско ниво на високо 18 место, некаде во рангот со Колумбија, Мароко, Перу, Венецуела, Јордан, Танзанија, Ангола …
Така рајот за инвеститорите стана ноќна мора за работниците. Експертите велат дека со тоа платена е страшна цена на демонстративниот “успех”, кога ќе донесат странски инвеститори, па се сечат свечени ленти и трепкат фото-блицевите за да осветлат широките насмевки на политичарите. “Се додека стапката на невработеност е висока, не можеме да очекуваме високи плати. Тоа е клучниот проблем на македонската економија “, вели професорот Зоран Ивановски. Тој воопшто не е оптимист: “Сведоци сме на политичка криза, која не е охрабрувачка, а од друга страна, гледаме каков кадар регрутираат странските инвеститори и колку плаќаат“.
Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ нагласува на (непостоечката) улогата на синдикатите: “Ако работниците би имале поголема преговарачката моќ од работодавачите, тогаш и платите би биле високи. Кај нас не постои синдикална организација и силни права на работниците, па од тука преговарачка позиција е слаба, а тоа води до тпа нивните плати да бидат е ниски. ”
Синдикалците не бегаат од одговорност, ама поголем проблем гледаат на друго место. Така Пеце Ристевски од Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството потсети дека Владата на Република Македонија целосно и јавно на инвеститори својата земја им ја претставува како оаза на евтина работна сила. “А тоа странските инвеститори и го искористуваат, а некои од нив пак работниците ги плаќаат помалку дури и од домашните фирми”, вели Ристевски. Тој додава дека луѓето немаат храброст да ја водат битката, па дури и да се приклучат на синдикатот во страв од губење на своите работни места.
Тој вели дека ваков е случајот со стотици работници во Дрекслмаер. Малку односно значи макроекономскиот податок дека економијата е во пораст од три проценти на годишно ниво, што е завиден процент на европско ниво. И покрај тоа, сепак граѓаните на Македонија се меѓу најсиромашните Европјани со стандардоткој изнесува само една третина од европскиот просек. Светската банка вели дека Македонците ќе го постигне тој стандард само ако економијата три децении континуирано расте со 4,5 отсто на годишно ниво, а растот во ЕУ стагнира – звучи како научна фантастика. Спротивно на тоа, очајната ситуација на македонскиот работник е суров реализам.










