„Турција никогаш не избегнувала справување со сопствената историја. Но, сигурно е дека нема мирно да ги следи лагите и пропагандата“, соопшти Калин и додаде дека одлуката на германскиот парламент е правно неоснована и е против историските факти
![]()
НАИРОБИ (АА) – Помошникот на генералниот секретар и потпарол на претседателството на Турција, Ибрахим Калин, во врска со усвојувањето на резолуцијата во германскиот парламент за наводниот „геноцид” врз Ерменците, изјави дека Турција никогаш не избегнувала справување со сопствената историја, но дека нема мирно да ги набљудува лагите и пропагандата, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин се наоѓа во придружбата на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, кој е во посета на Кенија.
„Турција никогаш не избегнувала справување со сопствената историја. Но, сигурно е дека нема мирно да ги следи лагите и пропагандата“, соопшти Калин и додаде дека одлуката на германскиот парламент е правно неоснована и е против историските факти.
Калин одлуката ја окарактеризира како „пример на политичка неодговорност“
„Оваа одлука од аспект на Турција нема никакво значење. Најостро ја осудувам оваа одлука“, рече Калин и додаде дека претседателот Ердоган 2005 година повикал да се формира комисија која би ги расветлила настаните од 1915 година со историски факти, но до досега ниту ерменската страна, ниту оние кои тврдат дека се случил „геноцид“ не дале позитивен одговор.
Калин истакна дека Турција во последните неколку години преземала значајни чекори за правата на малцинствата, вклучувајќи ја тука и ерменската заедница.
Потпаролот Калин соопшти дека оваа одлука значително ќе влијае на турско-германските односи на политичко ниво и на ниво на заедниците и дека не може да се очекува Турција да остане нема на незаслужените лаги и клевети.
Тој смета дека за последиците не треба да мисли Турција, туку оние кои ја донеле таа „неодговорна, бесмислена и неоснована“ резолуција.
Покрај тоа, како што кажа Калин, не може да се очекува три милиони Турци кои живеат во Германија да останат без реакција на оваа одлука. Калин зборуваше и за повлекувањето на турскиот амбасадор од Германија и дека дополнително ќе се анализира што треба да се направи по тоа прашање.
Пратениците во германскиот федерален парламент (Бундестаг) денеска со мнозинство ја усвоија нацрт-резолуцијата за настаниге од 1915 година, која го вклучува и изразот „геноцид“, покрај останатите ерменски наводи.
Застапниците кои во парламентот се обратија пред усвојувањето на нацрт-резолуцијата порачаа дека нивна цел не е да ја обвинат Турција, туку да се присетат на жртите и да се иницира помирување меѓу Турција и Ерменија.
Тие порачаа дека тогашното Германско царство носи одговорност поради неинтервенирањето во тој период. Нагласуваат дека денеска не е време да се обвинува Турција и нејзинот народ, туку дека е потребно кон оваа земја да и се испрати благодарност, бидејќи таа ги отвори своите врати на бегалците.
Усвојувањето на нацрт-резолуцијата во Германскиот парламент со себе не носи никакви санкции во правна смисла, туку тоа е резолуција која е советодавна.
– Што се случи 1915 година? –
На почетокот на Првата светска војна ерменските националисти го искористија фактот дека Османлиската држава и Русија влегоа во војна во спротивните табори и сојузништво со руските сили го користеа за да основаат независна држава Ерменија.
Во окупацијата на источна Анадолија голема поддршка на руската војска и пружија ерменските сили. Група Ерменци истапија од османлиската и се придружија кон руската војска. Ерменските едници така го отежнуваа напредокот на османлиската војска а воедно и направија злосторства над цивилите на подрачјата кои ги окупираа.
Османлиските власти во низа наврати одржаа состаноци за да ги уверат истакнатите Ерменци да ги спречат тие настани, но без успех. Потоа, Османлиските власти на 24 април донесоа одлука за затворање на ерменските бунтовнички комитети и одлука за апсење и протерување на некои ерменски лидери. Подоцна токму таа дата ќе биде избрана за одбележување на наводен „геноцид над Ерменците”.
Нападите продолжија и покрај обидите на османлиските власти да се смири ситуацијата, па Османлиската држава на 27 мај 1915 година донесе одлука за иселување на ерменското население кое остана во подрачјето зафатено со војна и ерменските сили кои соработуваа со руската окупаторска војска.
Во текот на миграцијата на големиот број Ерменци ги загубија животите поради воените дејства, внатрешните судири, осветничките дела на локалните групи, глад и заразни болести. Иако имаа план на мигрантите да им обезбедат хуманитарна помош, османлиските власти не успеаа поради воените дејсвија.
Историските документи јасно покажуваат дека османлиските власти не планирале, ниту сакале да се случат тие трагични настани и дека ги казнувале сите кои во таа прилика вршеле злосторства над ерменските мигранти. Укажуваат и на тоа дека многумина се вмешани во злосторствата во текот на таа голема хуманитарна трагедија осудени на смрт и погубени пред завршеток на војната.








