Ескалацијата на долгорочното задолжување на СФРЈ посебно настана околу 1975 и 1980 година, кога од околу шест милијарди истот достигнало на околу 16 милијарди американски долари.
Меѓутоа, тогаш за разлика од денес се трошело домаќински и паметно инвестирало. Југославија, з аразлика од многуте должници, на време ги исполнувала своите обврски.

Цела Југославија должела дури 15 милијарди долари
Според податоците на НБЈ, надворешните долгови на Југославија на крајот на 1987 година, изнесувале 21,3 милијарди долари. Ако од тој износ се одбијат побарувањата, воглавном од земјите во развој, од околу 3,8 милијарди долари, пречистат клириншките побарувања и долгувања, Југословенскиот нето долг тогаш би изнесувал 17,5 милијарди долари.
Непосредно пред сесиите на поедини републики и дезинтеграцијата на СФРЈ, надворешниот долг (главнина без камата) според конвертабилното девизно подрачје на крајот на 1991 година изнесувал повеќе од 15 милијарди долари ( каде за околу 11 милијарди гарант била Федерацијата). Распоредот на долгувањата бил следен (во милијарди американски долари): Словенија 1.7, БиХ 1.5, Црна Гора 0.6, Хрватска2.7, Македонија 0.7, Србија 4.8 и Федерацијата 3.1. На меѓународните финансиски институции сме им должеле околу три милијарди долари, на комерцијалните банки (Лондонски клуб) 4,4 милијарди и на владите на западните земји (членки на Парискиот клуб) околу 6,5 милијарди долари.
![]()
Поранешните републики после стекнувањето на независноста задолжени се со околу 145 милијарди долари
Државите кои настанаа со распаѓањето на СФРЈ денес имаат вкупен надворешен долг од околу 145 милијарди американски долари (околу 133 милијарди евра) што е за девет пати поголем отколку кон крајот на 1991 година.
Хрватска, Словенија и Србија денес поединечно имаат поголем надворешен долг, отколку што порано имала цела СФРЈ.
Со распаѓањето на Југославија сите републики кои беа во нејзиниот состав ја изгубиле значителната економска база, глемиот пазар, кадровскиот потенцијал, а војната во 90-те на многуте им го уништи стопанството и ослабна економската моќ. Како резултат на тоа дојде до неконтролиран раст на увоз, јавна потрошувачка, надворешентрговски дефицит, притоа без раст на производството и продуктивноста.
Ако според критериумите на меѓународните финансиски институции, една земја се смета за високо задолжена кога односот на нејзиниот надворешен долг и ДБП преминал 80%, тогаш Црна Гора, Хрватска, Словенија и Србија се високо задолжени земји.
Најзадолжена земја од поранешна Југославија е Хрватска, чиј надворешен долг ова година достигнал околу 49 милијарди евра, понатаму следуваат Словенија со 45 милијарди евра, Србија со 27 милијарфди евра, Македонија 6 милијарди евра, а на крајот од листата се БиХ со 5 милијарди евра и Црна Гора со околу 2 милијарди евра. Надворешниот долг на сите шест држави во последните пет-шест години забележал раст.
Повикувајќи се на извештајот на британската организација ЈДЦ, британскиот весник “Гардијан“ пишува дека покрај Грција, со должничка криза зафатени се Хрватска, Македонија, Црна Гора, Кипар, Ирска, Португалија, Шпанија,и Украина, додека “Србија е во опасност од кризата на надворешниот долг, бидејќи нејзиниот нето долг спрема светот изнесува 98% од БДП, а околу 9,6% од буџетските издатоци заминува на отплатата на долгови“.

БиХ од војната постојано само се задолжува
Од крајот на војната па се до денес економската политика на БиХ се сведува на задолжување кај меѓународните финансиски институции како би ја финансирала администрацијата и останатите буџетски потреби, понатаму повторно се задолжувала како би ги покрила претходните долгови и финансиски обврски.
Логично прашање во ваква ситуација е каде на БиХ ја води ваквата политика на постојано задолжување?
Истиот пат го следат и останатите (поранешни) републики, само се разликуваат по тоа што некои се задолжуваат помалку некои повеќе, кај некои администрацијата функционира целосно, кај некои делумно, а кај некои постојано заостанува.
Останува да се види, меѓутоа како и да е може да се констатира дека ниту една од поранешните република никако не се снашле како што треба во економскиот развој, после распаѓањето на поранешна СФРЈ.









