Наша Колумна: “Кога последните станаа први“

0
562

КАКО  ПОСЛЕДНИТЕ СТАНАА  ПРВИ

Требаше да поспијам зошто тоа беше саботно утро, ден за одмор од напорната недела на факултет и вчера  успешно завршениот испит. Наеднаш ги отворив очите, кога во сонот го слушнав оној препознатлив звук на превртување на страниците на некоја книга. За мене тоа беше еден посебно пријатен звук кој воопшто не ме вознемируваше, туку, напротив ми создаваше некое пријатно чуство на смиреност и ме воведување во состојба на сон и убави размислувања. Овој пат ме разбудија, но само од сонот додека пријатното чувство во мене беше присутно. Наеднаш го погледнав мојот цимер и мојот голем другар како ритмично ги вртеше страниците на таа голема книга со поглед кој и ден денес го паметам. Тоа беше еден посебен поглед во книгата кој што во еден момент правеше многу работи-читаше, повторуваше, размислуваше.

Бев радосен што конеќно сме заедно цимери во студенскиот дом и што можеме заедно да учиме. Тоа ми беше желба уште кога првиот пат се запознавме во читалната на нашиот факултет. Тогаш ги учевме првите и најтешките чинам колоквиуми и испити. Тој беше прв и со најголем успех ги полагаше сите тие испити.
Без да ме погледне и да виде дали сум разбуден, ме праша да му одговарам нешто од книгата.

Не дозволив ни за момент веќе да ме обзема сонот и веднаш му одговорив.

–    Добро, значи се разбуди. Ми рече -ајде станувај, учиме за новиот испит!

 –  Што? Зарем почнуваме од денеска? Му одговорив.

Со насмевка ме погледна и ми ги рече  истите оние зборови што и јас му ги велев кога тој некогаш но ретко беше нерасположен за учење ,,се док трае обнова нема одмора,,.

Значи така-почнуваме, буквално ја грабнав и јас мојата книга и започнавме во еден наизменичен ритам да ги вртиме страниците се побрзо и побрзо.
Не беше тоа време за пауза но наеднаш едни звуци не натераа во ист момент да ги оставиме книгите и да се погледниме. Обично не реагиравме на звуци зошто ги имаше постојано и отсекаде во студенскиот дом, но тоа беа некои посебно непријатни звуци кои  прв пат ги слушнавме но  останаа секојдневица на нашиот  таканаречен живот.

Станавме и погледнавме низ прозорот кога една голема група  млади луѓе, студенти и други непознати-познати особи извикуваа, свиреа, носеа транспаренти. Некои од нив  веднаш ги препознавме- тоа беа дел од оние истите кои паднаа на вчерашниот испит и кои едвај ги полагаа испитите.
Во исто време се погледнавме и  со лут говор се прашавме

Зошто не учат??? Тие паднаа на испит!!!.

Ние положивме и сега пак учиме.
Строго и во наредувачки глас ми рече – Ајде, седнувај да работиме, да ги оставиме овие, ние треба да собериме знаења зошто ќе треба да ја градиме и унапредуваме оваа наша држава.
Постепено низ годините се собираа тие знаеwа со макотрпна работа и учење се до нашето завршување, и не треба да спомнам дека пак тој беше прв и пред сите.
Од тој момент кога забрана да ги слушаме и да им се придружиме на нашите колеги и студенти кои место да учат наука се нафрлија на политиката,  веќе заборавивме на нив, ниту мислевме за нив, зошто верувавме дека тоа се пропаднати личности кои неможејќи да постигнат во образованието, стручноста и науката се оддадоа на политиката.

Таму сметавме а и денес сметаме дека е полесно, зошто нема ништо за учење освен што треба да се истакнат и да се извлечат најтемните човекови особини на сопствениот карактер, да се стигне до одредена цел а притоа да се вложи најмал труд и  да се погазат туѓите вредности за се истакнат своите.

Но никогаш не помисливме ни лошо за нив зошто некој треба да се занимава и со политика а политиката требеше да биде нешто посебно и никако поврзано со нашата стручна и научна работа.

Така  мислевме и верувавме се дури  не дојде време за неговото вработуваwе, време кога требеше да се покаже и докаже она што се научило за доброто на сите нас, за доброто на народот, на нашата татковина и идните поколенија.

Никогаш не ни помислив, ниту верував, ниту сеуште ми е верно дека за моментот кога требеше тој, првиот, да се вработи и да напредува во својата професија одлучуваа и требаа да се молат оние последните, оние истите кои паѓаа на испитите, оние кои место за наука и стручност се определија за лажни вредности, за погазуваwе на моралот и човечноста.

Незнам од каде излегоа, од каде проникнаа,и како толку добро научија   како треба добро да се манипулира со туѓите животи, да кројат различни судбини по нивна желба, небаре се наречници од приказните. И уште повеќе, да им се биде благодарен и вечити роб бидејќи  тие ти го дале она што ти следи по сите правни и човечки норми.

Сигурно си велам, дури тој учел како да му помага и да даде се од себе за народот и државата, тие другите учеле како да го лажат народот, да манипулираат, да ја покрадат и разнебитат државата. А најстрашно од се е што го научија народот самиот себеси да  се лажи и празноверува.

Зошто сите овие 25 ,, црни,, години, политиката е најбараната ,,струка,,  зошто таа ни е толку потребна? Зошто таквите како него се казнети, им се подсекуваат корените, не им се дава никаква можност да го искажат своето знаење и работа за доброто на сите нас? Зошто е толку  силен македонскиот синдром на самоуништување.
Си велам луто –  па како на инаков начин последните станаа први!!!

Сакам да пробам да размислувам како тие последните, како ние обичниот народ кои премолчуваме пред правдата, способноста и знаењето а се поклонуваме пред темната страна на силата, пред оние кои немаат ништо во себе освен големи пари и моќ да го купат нашето битие и да ни дадат нешто колку да преживееме.

Си велам ако замине тој, можеби јас ќе можам да го заменам, зошто заедно учевме или тој ме подучуваше. Но тој не беше прв само во знаењето, беше прв и во добродушноста, прв во пријателството, љубовта кон народот, нашата држава…

Ќе можам ли и тоа да го заменам или во ова наше општество овие работи апсолутно не се важни?
Зошто ако беа важни, немаше да се дозволи тој и другите како него да стануваат последни во нашата држава а на нивното место да дојдат последните, оние единичарите, понављачите, оние кои  знаат само да го креваат партискиот бајрак повисоко а притоа да ја спуштаат главата понизно.

За своите лични интереси, поправо за трошки што ни ги даваат ронејќи го нашиот насушно заработен леб, ги забораваме, ги отфрламе –  несакаме да знаеме за нив – првите, за правдата, за обесправувањето. Дури не сакаме да знаеме дека тие луѓе не создаваат само за нив, туку и за нас,за нашите деца на мајката ни земја  Македонија за разлика од оние последните-првите.
Еден ден ќе го нема ни првиот ни првите, а и нас оби~ните,а за последните-првите незнам, ниту сакам да знам каде и како.

Но тогаш ќе жалиме зошто ќе немаме кој оро на свадба да ни фати и бајрак со знаме да ни крене, кој песна на слава да ни испее и да се опие…
Наеднаш силен молк во мојата мисла, неможам да продолжам ова да го пишувам.

Повторно ја земам книгата во моите раце, така се чуствувам смирено, со пријатни чувства во состојба на некој убав сон и убави мисли за подобри времиња.

Колумна на др.Оливер Бојчески

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here