
Италијанската министерка за одбрана, Роберта Пиноти, во разговор за весникот Corriere della Sera изјавила дека Западните сили подготвени се за воена интервенција против ИСИЛ во Либија. Потсетуваме, ваква интервенција се споменувала и порано, меѓутоа тогаш било изјавено дека прво ќе се чека формирање на единствена Либиска Влада. Меѓутоа, бидејќи такво нешто изгледа нема да се случи, воена интервенција против ИСИЛ би можела да уследи побрзо отколку што се очекувало.
“Не можеме да замислиме пролет-та да дојде и да си замини, а ситуацијата во Либија да остане онаква каква што е“, изјавила Пинноти директно сугерирајќи дека воената интервенција би можела да биде близу.
Се разбира, Либија е во хаос заради фактот што Западната воена интервенција во 2011 година, доведе до тоа, односно со уривање на тогашната власт под водство на Гадафи овозможија влегување на голем број на радикални организации.
Сега Либија сната ново упориште на ИСИЛ, а Западот зака да преземе нешто по ова прашање. Сакаа да формираат единствена Либиска влада која би ги повикала на помош – демек наводно џихадистите не би можеле да тврдат дека Западот тргнал во уште еден напад на муслиманска земја.Меѓутоа како што стојат работите, новата агресија на Западот во Либија би можела да уследи наскоро.
Извори:www.reuters.com | Corriere della Sera








