Ленин-Путин

Изјавата на Владимир Путин дека Владимир Илич Ленин е виновен за распадот на историската Русија, бидејќи прогласил републики на Советскиот Сојуз, кои после неколку години прогласија независност, остави прилично двоумеење во јавноста. Заради тоа претседателот на Русија повторно се осврнал на оваа тема, притоа пружајќи мемоарска градба за својот однос спрема Комунистичката партија и предлозите  мумијата на Ленин да се изнесе од Мавзолејот во зидот на Кремљ и едноставно да се закопа.

Путин минатата недела на заседавањето на претседателскиот Совет за наука и образование го обвинил на Ленин дека под темелите на историска Русија поставил атомска бомба која дополнително се активирала, и дека на Русите не им била потребна советската револуција.

Путин реагирал на излагањето на претдставникот на институтот од Курчатовск Михаил Ковалќук кој цитирал дел од поемата “Тешка болест“ на рускиот нобеловец Ворис Пастернак, заклучувајќи дека Ленин се раководел со протокот на своите мисли и следејќи ги управувал со земјата. Ковалчук предложил во научната заедница да се пронајдат оние организации кои се потребни за управување на протокот на мисли во одредена насока“, а потоа за збор се јавил Путин.

“Управувањето на протокот со мисли е во ред. Само е потребно таа мисла да доведе до точен резултат, ане како кај Владимир Илич Ленин. Неговата мисла на крајот-завршницата доведе до распаѓање на Советскиот Сојуз, ете каков е исходот од таквите мисли. Имаше ушѕе други такви мисли, за автономизацијата (по предлог на Сталин) на пример. Меѓутоа, тие поставија атомска бомба под градбата која се нарекува Русија, а таа на крај пукна. Ни советската револуција не ни требаше. Каква е таа идеја“, одговорил Путин на фалењето на зборовите (мисли) на Ленин.

‘Никој освен Путин не е доволно одважен и моќен за да спроведе ревизија на комунистичката историја и уривање на митот на таткото на револуцијата, а чии заслуги и претходно се доведувале во прашање. сепак тоа немало пресудна тежина. Путин кој не научил да се помесгтува пред предизвиците и табуите уште еднаш покажал одлика на лидер и прозборел.

“Не би бил член на партија доколку тоа беше неопходно“, изјавил Путин истакнувајќи дека работел за КГБ, кој како што потврдил тој представувал “вооружен одред на паријата“, и дека членувањето во Комунистичката партија било неопходно. “Не бев функционер, туку обилен член. Не можам да кажам дека сум бил под идеја на Комунистите, меѓутоа многу грижливо се однесував спрема тоа. За разлика од многу други функционери, не ја фрлилв својата партиска книшка. Не сум ја запалил. Јас сеуште ја чувам“-озјавил Путин.

Тој изјавил дека него му се допаѓале, па дури и ден денес му се допаѓаат комунистичките и социјалистичките идеи, а дека теоријата на комунизмот пос својата идеолошка содржина е слична со Библијата, ама дека ’практичната примена на тие идеи во нашата земја се далеку од проповедувањето на социјалистичките утописти’. Путин исто така потсетил на убиството на Романови, и нивните слуги, како и на убиството на илјадници свештеници во текот на годините на револуцијата.

“Зошто го убија др.Боткин? Зошто го убија слугата (лекар на царското семејство), луѓето во принцип со пролетерко потекло? Заради што? Заради тоа да се прикрие злосторството. Впрочем знаете, ние никогаш не се замислуваме над ова. Ама добро, се пресметувале со луѓе кои со оружје во рака се биле против советската власт. (во Граѓанската војна). А, свештенството, зошто тоа го уништија? Само во 1918 година стрелале три илјади свештеници, а за 10 години 10 илјади. На реката Дон стотици турнаа под мраз“, изјавил Путин пред да ја обвини партијата заради крах на земјата во Првата светска војна.

’Се случи да ја изгубиме војната од земја која беше поразена во војна’, изјавил Путин алудирајќи на сеповоениот Брестски мир кој Русија го потпишала со Германија и нејзините сојузници во март 1918 година. ’Неколку месеци после тоа Германија капитулира (пред силите на Антантата ), а ние ја изгубивме војната од поразените. Единствен случај во историјата. Зошто? Пред сё заради борбата за власт. Ние треба влијателно, имајќи ја во предвид денешната ситуација само да анализираме сё што се случувало во старите денови, меѓутоа сето тоа не може да се обои во црно, ниту пак можеме сето тоа да  премачкаме сё во розево што се случува денес. Потребно е внимателно и објективно да се анализира и не дозволи правење на истите грешки во иднина. Да се гради нашата економија, да го зајакнеме. Имаме таква можност со помош на ОНФ (Сёрускиот народен фронт)’ објаснилк Путин додавајќи дека економската политика на СССР била добра во здравството, образованието, одбраната и индустријата.

’Што се однесува до преместувањето на посмртните остатоци на Ленин и другите сродни прашања, сметам дека на тоа треба да пристапиме многу внимателно и да не превземаме чекори кои би го поделило општеството. Напротив, мораме да го обединиме’, рекол Путин, а пред тоа неговиот портпарол Дмитриј Песков во одговор на прашање на новинар дали балсамираното тело на Ленин најпосле ќе биде изнесено од Кремљ и закопа во земја, изјавил дека тоа прашање не е на дневен ред.

На овој предлог секако би се спротивставила Комунистичката партија на Русија која моментално има 20% од вкупните места во Државната дума, како најсилна опозициска партија.Лидерот на комунистите Генадиј Зјуганов секој пат кога ова прашање се протнувало во јавноста остро реагирал, сметајќи дека тоа е варварски акт.

Меѓутоа, тоа не би било прв пат во историјата мумијата да се изнесе од Мавзолејот во зидот на Кермљ. Балзамираното тело на Сталин кое осум години е во отворен ковчег под стакло лежело покрај телото на Лени, одстрането е од Мавзолејот и тивко закопано во 1961 година, на место покрај гробот на Михаил Суслов и Михаил Калини. Се шпекулирало дека Ленни се пожали  дека му е незгодно да лежи покрај Сталин.

Советскиот Сојуз се откажал од наследството на Сталин,ама го сочувал успоменот на Ленин. Дури ни Сталинград гаде е прекршен текот на Втората светска војна, од 1961 година повеќе не се вика така, туку Волгоград. Имало и некакви иницијативи на 70 годишнината од епската битка да се врати името Сталинград, се собирале потписи, ама таа приказна потонала.

Ништо повеќе не се нарекува според Сталин, додека истовремено, подземната железница во Москва го носи името “ Метрополитен имени Ленјина“, еден од најголемите московски плоштади го носи името на Ленин, а националната библиотека во престолнината исто така наречене е според неговото име. Иако во 1991 година на референдум е одлучено на Ленинград да му се врати историското име Санк Петербург, административна област во кој е сместена северната руска престолнина  каде и понатаму е Ленинградска.

Комунистичката партија на СССР под Никита Хрушчов се оградила од Сталин и неговото спроведување на масовните репресии и терор, наведувајќи дека позицијата на идејната борба преминала на патот на административното гушење, притоа дејствувајчи преку своите казнени органи го кршел законот и моралните норми. Последниот советски претседател Михаил Горбачов изјавил: ’ Сталин, тоа е човек искиснат во крв’.

Веднаш , откако во ноември минатата година во Екатеринбург свечено отворен грандиозниот меморијален Центар Елцин, комунистите во Државната дума покренале иницијатива да се изгради центар на Сталин. Сеуште не знаеме што ќе биде од тоа,ама факт е дека паралелно со зајакнувањето на влијанието на Русија на спомените на Сталин добивала и други тонови во руската јавност.

Зошто тоа е така? Одговорот треба да се бара во руската историја и фактот дека, како и во останатиот поголем свет, силниците -императори, народите ги овековечувале со слава која не е пролазна. Сеќавањето на нив оживува кога државта се шири или пак кога се чувствува опасност од други. Препознатлива била и анкетата од 2012 година, која била спроведена во пресрет на претседателските избори кога посетителите во руските музеи можеле да гласат за својот најголем владетел во историјата. Резултатот бил – Петар Велики, Сталин, Путин. Во меѓувреме популарноста на Путин пораснала уште повеќе, а и Сталин сё подобро стои.

Медиумите кои ги цитирале западни експерти веднаш ни понудија верзија дека Путин наредил историска расправа за да го сврти вниманието од денепната сё полоша економска ситуација. Тоа не изгледа како точно, бидејќи во прашање улогата на Ленин, како и на Сталин бит-та на вредносниот состав во Русија, ама и заради тоа што Путин нё навикнал на еднозначни чекори. Пред сё че биде Путин да покрене ревизија на комунистичката историја, а тоа секако не би го направил  на брза рака за да го сврти вниманието на јавноста од животните проблеми.

Исто така, би можеле да прочитаме во западните медиуми за приемчивата теорија дека вистинската причина за нападот на Путин врз симболот на Ленин би можела да лежи во фактот дека првата цветна револуција не била розева ниту портокалова, туку црвена. А ја спровел Ленин, како наведува колумнистот Брајан Вајтмор , ’ без Брисел и Вашингтон во родниот град на Путин’.

Имајќи во предвид дека јавноста би можела да стекне поуздан впечаток дека претседателот лично не би имал ништо против тоа гробот на Ленин да се ископа покрај зидините и тука да се положи неговата мумија, протокот на овие мисли подтикнал и други на размислување. Прв се огласил Јунус Бек Јевкиров, претседателот на Ингушија велејќи дека како верник смета дека Ленин  треба да биде закопан во земја како и секој починат.

Нема сомневање, дека ќе се јават и други, како и тоа дека расправта ќе се распламти,ама уште сега ни се чини дека ревизијата на руската комунистичка партија зела замав, и дека Путин го кажал она што повеќето Руси го мислат, ама не зборува гласно. Деновите на Ленин во зидот на Кремљ се одбројани.

Извори/референци:
http://www.vz.ru/news/2016/1/25/790482.html
http://www.rbc.ru/rbcfreenews/56a63e7e9a7947526d34ef08
http://www.vesti.ru/doc.html?id=2710879

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here