afrika francija

Четиринаесет Африкански земји некогашни француски колониее, иако одамна стекнаа независност уште денес плаќаат данок на својот колонизатор – Франција!

Кога Sékou Touré во 1958 година одлучил да ја извлече Гвинеја од колонијалното ропство и да ја поведе по патот на независноста, елитата од Париз толку била бесна така да веднаш одлучила да уништи сё што направила нејзината управа во ова земја. Три илјади Французи ја напуштија за кратко Гвинеја со себе носејќи го целиот имот, односно сё што можело да се однесе, и уништувајќи сё што не можело да се однесе како: школите, градинките, зградите на јавните управи, автомобилите, тракторите…. Некои на заминување дури ги труеле и коњите и кравите на своите фарми, а храната во складиштата ја уништувале. Смислата на тој месмислен чин бил да се испрати порака до другите француски колонии дека цената на нивната еманципација ќе биде многу висока.

Слободни, ама сиромашни !

Веднаш после тоа, стравот се вовлекол меѓу африканските политички елити, пишува Mawuna Remarque Koutinin, издавач и мировен активист, во текст објавен во он-лајн магазинот Silicon Africa. После настаните во Гвинеја никој не смогнал храброст да го следи примерот на Sékou Touré чие познато мото гласело: “ Подобро ќе ја уживаме слободата во сиромаштија отколку богатството во ропство“.

Sylvanus Olympio, првиот претседател на Република Того, малечка држава во Западна Африка, пронашол компромисно решение со Французите. Тој не сакал и понатаму неговата земја да биде под Француска власт, па одбил да го договори продолжувањето на пактот за колонизацијата каква му ја предложил тогашниот француски претседател Charles De Gaulle.

Меѓутоа, тој се согласил да плаќа годишен данок на Франција за сите материјални добра која таа ги создала во неговата земја. Тоа бил единствениот услов Французите како не би ги уништиле на заминување како што направиле со Гвинеја. Меѓутоа износот на колонијалниот данок кој Того требал да му го плати на Французите бил огромен и во 1963 година тој изнесувал речиси 40% од вкупниот тогашен државен буџет.

Со оглед на тоа дека Того се најде во тешка финансиска состојба, Olympio, како би ја извлекол земјата од таа состојба, одлучил  да ги укине дотогашните колонојални пари ФЦФА ( Франк за француските африкански колонии или кратко – колонијален франк) и воведе сопствена валута.

Убиства и државни удари

На 13.јануари 1963 година, три дена откако Того започна да ги печати парите , група на профранцуски војници го убија претседателот Olympio. Нив ги предводел поранешен припадник на француската легија на странци, наредникот Etienne Gnassingbé  кој за таа крвава работа од Французите наводно бил награден со 612 американски долари. Сонот на Olympio бил да изгради независна, суверена и самостојна земја, ама на Французите таа идеја не им се допаѓала.

На 30.јуни 1962 година Modiba Keita, првиот претседател на Република Мали, дослучил слично како Olympiо во Того, да го повлече колонијалниот франк, валута која Французите ја наметнале во дванаесет свои африкански колонии. За Keitа, кој тежнеел кон социјалистичката економија било јасно дека продолжувањето на пактот со Франција би претставувал дополнителен товар за развојот на земјата. Меѓутоа и Keitа, слично како и Olympiо ќе стане жртва. Него нема да го убијат,ама на 19.ноември 1968 година ќе го соборат со државен удар, кој и вој пат бил предводен од поранешен легионар, поручникот Moussa Traoré.

Во тој драматичен период борбите на африканските земји за ослободување од колонијалното ропство, Франција со полна доверба можела да се потпре на поранешни припадници на Легијата на странци кои не големо изведиле повеќе државни удари на легално избрани претседатели.

Легионарите уриваат влади.

Исто така на 1.јануари 1966 година поранешниот легионар Jean-Bédel Bokassa предводел државен удар против Davida Dacko, првиот претседател на Централноафриканската Република. Два дена подоцна,Maurice Yaméogo, прв претседател на Горна Волта, денеш, денешна Буркина Фасо, соборен е со државен удар кој го предводел Aboubacar Sangoulé Lamizanaм,уште еден поранешен легионер кој претходно учествувал во гушење на ослободителното востание во француските колонии во Индонезија и Алжир.

Во октомври 1972 година Mathieu Kérékou, дотогашен телохранител на претседателот на Република Бенин, Huberta Mag го предводел државниот удар. И , сигурно нема да погодувате и Kérékou полагал обука во француските воени школи.

Во минатите 50-ет години во Африка се случија вкупно 67 државни удари во 26 земји од кои 16 буле француски колонии ( Того,Тунис,Брегот на слонивата коска,Мадагаскар, Руанда,Алжир, Мали, Гвинеја…) Дури 61% од државните удари се случиле на подрачјата на франкофанска Африка.

Без Африка би биле сиромашни

Франција очајнички и жестоко, без оглед на цената се борела да ги задржи африканските колонии. Во март 2008 година, поранешниот француски претседател Jacques Chirac изјавил:

“Без Африка, Франција би доспеала во друштво на земјите од Третиот свет“. Неговиот претходник, Франсоа Митеран уште во 1957 година претскажал: “Без Африка, Франција нема да има иднина во 21-от век.“

Во овој момент, дури 14 африкански земји должни и се на Франзија, преку колонијалниот договор, да и даваат 85% од своите парични резерви на Француската централна банка. Тие и денес мора да плаќаат колонијален данок на Франција. Историјата покажала дека лидерите на земјите кои ќе се одлучат да одбијат, биваат убивани, или во подобар случај соборени преку државни удари. Оние кои послушно ги исполнуваат обврските, биваат наградени со привилегии и раскошен живот, додека нивните сонародњаци воглавном жртви живеат во крајна сиромаштија и беда.

Вадат од уста, за да му дадат на Франција

Иако западниот свет го отфрли таквиот злонамерен колонијален систем, Франција не е подготвена да го напушти бидејќи секоја година, низ така наречениот колонијален данок, зема околу 500 милијарди долари.

Koutinin пишува дека африканските лидери најчесто се обвинуваат за корупција и служење на странци, а на штета на сопствените национални интереси, ама постои објаснување за таквото однесување. Тие напросто работаат така бидејќи се плашат дека ќе бидат убиени или соборени, како што тврди Koutinin.

Одредби на Колонизацискиот пакт од 1950 година

Тешпко е да се поверува до какви сё договорени обврски мора да се придржуваат поранешните француски колонии во Африка, денес формално независни држави. Еве неколку клучни карактеристики:

КОЛОНИЈАЛЕН ДОЛГ Сите новонастанати “независни“ држави треба да ја отплатат инфраструктурата која им ја изградила Франција во текот на нејзината колонизација.

НАЦИОНАЛНИ РЕЗЕРВИ Сите поранешни колонии мора да депонираат свои парични резерви во Француската централна банка. Груба проценка е дека Франција годишно “собира“ околу 500 милијарди долари од земјите кои практички и немаат пристап на своите пари.

ПРИРОДНИ РЕСУРСИ Франција има ексклузивно право на новооткриени природни ресурси на територијата на поранешните колонии

ЈАВНИ ТЕНДЕРИ Поранешните колонии на јавните тендери предност мора да му дадат на француските компании.

ВОЈСКА И ВОЕНИ СОЈУЗИ Сите кои сакаат да стекна чин во војските на своите земји мора претходно да поминат обука во Франција. Државите се обврзани на сојузништво со Франција во случај на војна тие имаат забрани за влегување во сојузи со други земји.

ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК Обврска е францускиот јазик да биде службен јазик во тие земји и да се користи како јазик и во образовниот систем.

ПОДНЕСУВАЊЕ НА СМЕТКА Државите мораат на Франција да им испраќаат годишни извештаи за своите финансиски сотојби.

Извор:Глобалцир

Обработка: dubai portal.com.mk

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here