југославија израел.

Јосип Броз Тито никогаш не бил поборник на модерната израелска политика. Туку ’државата’ Израел беше прва со која тогашна Југославија ги прекина дипломатските односи.

Тито беше жесток критичар на израелската агресија на соседните арапски земји. Долга низа на години се залагал за мир на Блискиот исток, неговиот план бил следен: Израел да се повлече од сите окупирани територии, а арапските земји за возврат да ја признаат државата Израел. Многумина во арапскиот свет го поздравија овој план, ама не и Израел. И покрај фектот дека веќе помина половина века, Израел и понатаму се прави глув на секоја критика и барањата да се вратат окупираните територии.

Прекинување на дипломатските односи со Израел.

Тито на 11.јуни 1967 година свикал заедничка седница на Претседателството и Извршниот комитете на ЦК СКЈ. На партиските другари им зборувал за разговорот со советскиот лидер Леонид Брежњев на три дена поран и зошто под итно следниот ден отпатувал за СССР:

На осми јуни во три часот попладне, одеднаш на телефон се јавува секретатор и ми вели дека Брежњев сака да разговара со мене. Се зачудив, од каде наеднаш директна врска. Ја зедов слушалката и го слушнав Брежњев: “ Ти ли си Јосипе“. “Јас сум“ одговорив. А потоа Брежњев продолжи: Еве заради што те побарав и за што станува збор, иако не можеше да зборува отворени по линијата. Ова таму многу се згужва, ситуацијата се развива во многу лоши пресврти, дали би можел утре веднаш да дојдеш овде да се посоветуваме што да правиме“, Јас не знаев дека таму ќе има и други, па го прашав дали може да се сретнеме некаде поблиску, како например Унгарија. А тој одговори: “ Па работата е и во тоа што и сите треба да бидеме присутни“, Јас му одговорив дека морам да се посоветувам со другарите. Ги повикав другарите кои воглавном беа тука во Белград. Сите се согалсија јас да заминам за Москва, и веќе следното утро одлетав за Русија. На аеродромот во Москва ме пречекаа сите тројца, Брежњев,Косигин и Подгорни, и веќе во девет часот започна состанокот. На состанокот биле присутни сите раководители на социјалистичките земји, првите секретари и претседатели на влади“.

Комунистичкиот блок, под итно се најде во Москва заради новите воени судири на Блискиот Исток. Израел одеднаш на 5.јуни 1967 година го нападна Египет и околните арапски земји и во шестдневната војна го освои цело подрачје на ’библискиот Израел’. Во Москва неше објавена изјава во која се осудува агресијата на Израел врз Египет, а единствено Романија беше против ова одлука. Сепак во земјата (Југославија), некои започнаа да шпекулираат за причините за заминување на Тито во Москва и неговото држење горе, на што тој одговорил: “ Има една работа која јас овде денес сакам да ја поставам. Тоа е прашањето на неразбирањето со многу страни, а особено нан некои другари од врвот на нашата партија. Се поставуваат прашања, па дури и тогаш кога се знаело и кога се договоривме, заради што се заминува таму(Москва), како е тоа можно и слижно. Другари, овде отворено да ви кажам: ако така течат работите, ако кај нас нема единствено и заедничко гледање на прашањата за одбрана на нашата земја, и ако постојано се сомнева дека јас таму нешто сум договорил со Русите – тогаш можам да ви кажам дека јас нема да заминам, ама ќе мора да заминат оние кои не се сложуваат со таквата линија. Не мислам на тоа дека јас нешто диктирам, туку ќе излезам и пред Собранието. Јас не можам да бидам на тоа место, ако не преземам сё што е неопходно, бидејќи сум одговорен за тоа нашата земја да може мирно да работи и мирно да ја врши својата фунцкија. За да биде тоа можно, противникот мора да знае дека сме силни и наоружани“.

Тогаш додал дека се залагал и за арапските земји: “ Јас во Москва многу енергично инсистирав на тоа дека борбата на арапските народи не е само нивна борбна, дека тоа е првиот фронт на сите социјалистички и прогресивни сили против имеријализмот. Бидејќи забележав дека во дискусијата некои представници на социјалситичките земји, кои инаку досега добро зборуваат, прилично еднострано истапија изнесувајќи поедини грешки на Арапите, и тоа дека во исто време ништо не рекоа за империјалистичките планови. Сакав малку луѓето да се раздрмаат, и тоа прилично влијаеше да после извесно време ги напуштат таквите тесни мислења.

И, навистина ако овде сега се постави прашањето кој бил иницијатор на одлуката во Москва, може да се каже дека тоа бевме ние. Се поставува прашањето дали ние како неврзана земја, можеме да стоиме на страна во судирите на Блискиот Исток. Со паѓањето на Арапските држави, повеќе не би имало неврзани. Во Африка ионака сё повеќе ослабнуваше, а Индија се наоѓа под голем притисок. Што тогаш ќе остане од неврзаните ако ние не се спротивставиме кога станува збор за тоа да се ликвидираат независни земји и во нив да се сменат режимите? Ние мора да направиме сё што е потребно малите земји, кои сега се наоѓаат пред опасност, силно да се мобилизираат и повторно да поведат една силна офанзива против имеријалистите.

Јас во Москва реков дека Израел за нас претставува споредно прашање, бидејќи пионоте во рацете на империјалистите кои треба да ги имаме во вид.Кога тоа ќе се има на ум, тогаш секоја тесноградност и зборувањето за влегувањето во лагер претставува глупост. Како можеме ние, кои толку години се носевме со секаков ѓавол, одееднаш да стане некаков пион или лагерски привезок: Јас сакам Југославија да има силна индивидуалност и меѓу социјалистичките земји, и таа да дава свои сугестии, совети и слично.., а тоа не можеме да го направиме ако не се состануваме. Она што Романците го направија е глупост. Нив им е лесно да се наоѓаат во средината, каде немаат никакви граници со империјалистичките сили. Тие сега тоа можат да го прават, ама ние ќе им се осветиме еден ден.

Веднаш после тоа Југославија ги прекина дипломатските односи со Израел.

Тито решително застана покрај Насер отколку до Советите

Во архивот на Унгарската комунистичка партија пронајден е запис на нејзиниот тогаше генерален секретар Јанош Кадар  н Политбирото Партијата, напишан на 13.јуни 1967 година во кој се известува за споменатата средба на комунистичките лидери во Москва. Изворниот текст објавен е во Ерусалим пост на 15.јуни 2005 година.

Итната средба во Москва, била прва на која учествувал Тито, од неговиот судир со Сталин во 1948 година, и од тука Кадар ја нагласува важноста на неговото соучествување. Документот покажува дека Тито бил тесно поврзан со Насер, ни нивното заедничко лидрество во Движењето на неврзаните, и го покажува како поголем сојузник од Советите.

Кадар неколку пати споменува дека Насер не се консултирал со Советите околу неговите чекори при затварањето на Акабскиот залив и повлекувањето на единиците на ОН од Синајскиот полуостров: што сведочи за недостаток на советското вклучување во египетските одлуки. Меѓутоа, Кадар известува дека “Другарот Тито изјавил дека се консултирале со него и дека ги подржале ваквите чекори“

Кадар додава дека тоа е разбирливо бидејќу Југословените “имаат стар и близок однос со Египет, кој е постар и потраен од односите со Советите“. Тој понатаму наведува дека Тито веднаш се заложил за воспоставување на итен воздушен мост и снабдување на Египет со оружје. Радикалниот став на Тито се повторува неколку пати во извештајот на Кадер, а нему му се припишува и нацрт комуникето во кое Израел се означува како агресор. Многу други делегати биле незадоволни со некои аспекти од тексто, и Кадар известува за дискусијата што изјавата би требало да содржи, од кои некои сугерирале дека би требало да се вклучи и осудата на “американскиот и британскиот империјализам“.

Романците биле тие коисе противееле Израел да биде означен како агресор, на што Тито изјавил дека , доколку тоа не се наведе “ нема да можат да се вратат дома, бидејќи ние на цела Југославија и кажавме кој е агресор“. После што сите социјалситички земји ги прекинаа дипломатските односи со Израел. Романија предводена од Чаушеску ја задржува својата ензависна позиција и одбива да ја следи советската линија.

Заради Израел Тито имал проблеми со партијата.

Заради ставовите на Тито, за кои многумина тврдат дека биле од личен карактер, тој доаѓал во судир со Западните сили, а истовремено ис ставовите во внатрешноста на Југословенската Комунистичка партија.

Кореспонден на весникот the New York Times, Richard Eder, на 12.6.1967 година во Белград запишал:“ Јсно е, па и во разговорите со функционерите овде , дека жестокиот напад на Тито на Израел и неговото сојузништво со Арапите сосдаде атмосфера на несложување, дури и помеѓу членовите на неговата Влада.

Постои оправдана загриженост дека Југославија која спрема западот гледа по прашање на економскиот, општествениот и политичкиот развој, би можело да ја загрози својата положба ако продолжи со обвинувањата против Израел, а со самото тоа и против САД и Велика Британија.

Она што најмногу загрижува е сё погласниот анти-американски став кој го завзема југословенската штампа и радио. Покрај тоа. по прв пат белградски весник зазел силно стојалиште против Американските Евреи. Во белградскиот весник стои: “6 милиони американски Евреи, благодарение на своето образование и деловни позиции, имаат значително поголема моќ отколку нормално што би требало  за едно малцинство во морето од 200 милиони жители. Израелските цели постојано се во крупен план. Стекнат е поим дека израелските цели претставуваат морална одговорност на целиот САД и дека тој САД би морал постојано да дава силна подрѓка на еврејската држава во внатрешноста на европскиот свет“.

Таков анти-еврејски став никогаш не бил присутен меѓу народот на Југославија, ниту меѓу редовите на Комунистичката партија“.

Без оглед на на тоа што тогапните медиуми пишувале, факт е дека режимот на Тито никогаш не зазел анти-еврејска политика, значителен број на Евреи соучествувале во паризанското движење, па подоцна и во редовите на Комунистичката партија. Критиката исклучиво биле резервирана спрема политиката кон државата Израел и експанзионистичките воени акции кои истата ги покренувала.

Прекинувањето на дипломатскиот однос со Израел траел од 1967 па се до распадот на Југославија.

Интересен е и податокот дека  југословенската  делегација за туризам, на чело со Јанко Рајич, го посетила Тел Авив на 27.9.1987 година како би договориле директни летови помеѓу двете земји. Ама тогаш било истакнато дека “воведувањето на воздушната линија нема да го смени југословенскиот став спрема политиката на државата Израел, со кој се нама дипломатски односи од 1967 година“.

Колку Југославија се противеела на израелската инвазија покажува и еден интересен податок – во летото 1967 година, кога избувнала војната, турист од Западна Германија Franz Haberstoff, кој тогаш се наоѓал во Југославија на годишен одмор -приведен е и притворен на 30 дена заради тоа што ја “изнел подршката на Израелската аресија против Арапите“.

Странски репортери за тој инцидент запишале дека несреќниот Германец веројатно мисле дека мора многу да внимава да не каже нешто против Евреите, што во тоа време претставувало многу важно правило во Германија, мислејќи дека тоа е дозволено во Германија.

Меѓутоа, Југославија била критички настроена спрема Израел и пред војната во 1967 година. На 22.7.1958 година југословенската влада упатила “ пријателско предупредување“ до Израел  да не учествува во “империјалистичките походи“ – имено, во тоа време британските падобранци го користеле израелскиот воздушен простор за префрлување во соседен Јордан.

Исто така важно е да се напомене и “Движењето на неврзаните“ чиј еден од главните оснивачи бил токму Јосип Броз Тито – во самото движење биле истакнати бројни арапски држави, пред сё Насеровиот Египет, Гадафиевата Либија.

Јасно е дека Израел тогаш бил засигурно против таквото политичко зајакнување на арапските земји во оркестрацијата на Титова Југославија.

Тоа се два детали од не толку дамнешната историја, кои докажуваат дека Југославија навистина водела една независна политика и дека никогаш не одстапувала од своите сојузници.

Dubai Portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here